Епархискиот Архиереј и Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) распишува:
КОНКУРС
За парохиски свештеници во МПЦЕАНЗ.
Од вкупно пријавените кандидати за парохиски свештеници, ќе бидат примени 3 (тројца).
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да завршиле Средно Богословско училиште и Богословски факултет;
- да не се помлади од 27 и постари од 40 години;
- да го знаат или да имаат положен најмалку почетен курс на Англискиот јазик;
- да имаат најмалку 3 години парохиска дејност;
- да имаат одлично познавање на историјата на Македонскиот народ и на Македонската Православна Црква;
- да имаат музички способности, односно одлично да го владеат црковното пеење и Типикот;
- да се одлични проповедници (говорници) без напишани текстови;
- да имаат добар углед, и да не се казнувани;
- да се докажале во пастирската, мисионерската и проповедничката дејност;
- да имаат градителски и организаторски способности.
Кандидатите ќе бидат подложени на проверка кај надлежниот Епархиски Архиереј, Митрополитот г. Петар, а богослужбените, пастирските, мисионерските и проповедничките способности на кандидатите ќе им бидат проверени во црквата „Пресвета Богородица“ во Битола.
Конкурсот ќе биде отворен, сè до изборот на тројцата кандидати.
контакт:
047/236-697 – Преспанско-Пелагониска Митрополија, Битола
протоереј-ставрофор Никола Грамбозов
Од канцеларијата на МПЦЕАНЗ