Јас се родив и бев воспитан во Англиканска „висока“ црква и бев претставник на веќе четвртото поколение англиканци во моето семејство и во мојот град. Нашата општина беше плод на дејноста на првата Шкотска епископална црква (која е дел од Англиското Здружение) во Индија, и воопшто првата христијанска мисија во мојот град.
Британските власти тогаш забранувале мисионерска дејност. Мојот брат Поликарп беше англикански епископ. За време на своето богословско образование тој дознал за постоењето на Православната Црква, но никаде не можел со неа да се запознае, ако не ги сметаме јаковитите-монофизити, кои самите се нарекуваат православни. Изучувањето на црковната историја и и светоотечкото богословие го убеди Поликарп во вистинитоста на православното вероучение и го поттикна да се обиде да најде врска со Православието.
Уште како англикански клирик, пред да стане епископ, мојот брат испрати писма-предлози до грчкиот православен митрополит на Хоннг-Конг и на Југоисточна Азија, но така и не добивме одговор на нив. После неколку месеци, тој испрати писма и до Вселенскиот Патријарх и до Московската Патријаршија. Но, повторно не добивме одговор на нив. После неколку месеци чекање, ние испративме писмо до Задграничната Руска Православна Црква, и после два месеца добивме одговор од нејзините претставници. Но, без оглед на тоа што беше востановен некаков контакт, сепак требаше да чекаме уште една година додека траеја преговорите за можноста за мисионерска дејност во Индија.
Конечно, во август, 2012 година, по благослов на архиепископот Егорјевски Марко, мисионер од Москва, по име Сергеј ја посети нашата општина. Запознавајќи се со неговиот отчет за патувањето, ноември, истата година, владиката Марко го испрати свештеникот Станислав од Карелската епархија, за да ја прими нашата општина во Православната Црква преку миропомазание.
Пред завршувањето на дијалогот за преминување во Православна Црква, ние имавме 50 парохии и општини, но бидејќи процесот на преминување одзеде многу време, повеќето парохии се вратија назад во Англиканската Црква, и само 5 парохии верно го следеа својот епископ, кој во Православната Црква стана обичен мирјанин.
Кога ние решивме да влеземе во ковчегот на спасението – Светата Православна Црква – нашите англикански пријатели постојано ни велеа, дека правиме грешка. Но, по милоста Божја, ние бевме среќни и спремни за таква „грешка“. Многу тешко време беше, кога повеќето од парохиите решија да се вратат назад во Англиканската Црква, кога не можеа повеќе да чекаат. Наоѓајќи се во таква тешка состојба, јас често се прашував: „Навистина ли одиме по правилен пат? Зошто е толку сложено и долго да нè примат во Црквата, ако Таа е вистинското Тело Христово?“ Во објаснувањето на Таинстово миропомазание, прочитав дека можноста повторно човек да се врати во ереста, при преминувањето во Православие – е причина, заради која не смее долго да се одложува преминувањето. Тоа ме порази – зарем не треба Црквата повдахновено да ги прима оние луѓе, кои срдечно сакаат да станат дел од Божјото Семејство? Но, Господ го просветли моето срце, и јас сфатив, дека Бог не нè заборава, дека лично нè повикува кон Себе, но тоа силно го надразнуваше непријателот на нашето спасение, и тој подигнуваше на нашиот пат многу препреки.
Сега, кога сум во Црквата, осознавам дека Синот Божји го победи сатаната со Своето стапало, и нас нè прими во Своите прегратки. Сега го гледам исполнувањето на својата вера. Не сакам да кажам, дека римокатолиците, англиканците или протестантите немаат вера, – секако, тие веруваат, но нивната вера е еискривена, раздробена, непотполна, инославна. Но, имено тука, во Телото Христово, јас ја најдов полната, непогрешлива православна вера. Јас сум апсолутно убеден во полнотата на таа ризница на апостолската вера и во чистотата на Црквата – Невестата Христова, чиј камен темелник е Самиот Христос, а столбов – пророците и апостолите. Тука се чувствувам себеси опкружен со многу сведоци и во непрестајно општење со светиите од сите векови. Од тие времиња, кога уште бев англиканец, запомнив една химна:
„Како можам да се очистам од гревовите?
Никако, само со Крвта на Исус!
О, овој скапоцен поток ме прави бел како снег. Друг извор не познававм, освен Крвта на Исус!“
– И исполнувањето на тие зборови го најдов токму тука, во Телото Христово, затоа што само тука јас добивам вечен живот, кога секоја недела на Божествениот Пир ги примам Телото и Крвта на Пречистиот Агнец, како храна, подготвена пред основањето на светот. Храна, која ги уништува моите гревови и повторно ме подигнува. Знам, дека нема зборови ни јазик, кој би можел да го изрази она што го најдов во Домот Божји. А и како е можно, со нечисти усни да се опише неопишливиот вистински Покој, кого го пронајде мојата душа?
Вкусив од Изворот на бесмртноста и силно посакав, и мојот народ да се приопшти кон Него, и видов дека е „благ Господ“. Индија – е најдревната од цивилизациите кои постојат во светот; таа – е земја, полна со разнообразние, но и земја со прости, религиозни луѓе. Имено во таа земја Преблагословената Троица благоволила да го испрати Својот апостол за проповед на благата вест на љубовта и простувањето, благата вест за Царството Божјо. Тоа е незнабожечката земја, благословена од Бога преку апостолот Тома, апостолот, кој се сомневаше, но кога поверува, бестрашно отиде подалеку од сите апостоли. Индија – е земја, изорана од трудовите на апостол Тома и оросена со крвта на неговото мачеништво. Како што нашиот Господ Исус Христос рекол: „Ако пченичното зрно паѓајќи во земја, не умре, останува само; а ако умре, ќе донесе многу плод“ (Јн. 12, 24). Првото пченично зрно – нашиот Господ – даде многу плодови, и апостол Тома, како еден од нив, се уподобил на својот Господ и Бог во Индија, и со тоа посеал многу нови семиња. За жал, како што Христос кажал и во Својата парабола, непријателот посејал плевел меѓу пченицата. Во Индија, тој плевел станала нечестивата несторијанска ерес, која израснала меѓу Православната пченица. Тој плевел брзо израснал и ја задушил пченицата, порастена од апостол Тома. Во текот на илјада и седумстотини години, древната змија мислеше дека победила, но милоста Божја и силното застапништво на апостол Тома повторно го победија, и пченицата на Православието повторно расте во Индија. Светлината, која таткото на лагата ја изгаснал, повторно засветли и веќе никогаш нема да изгасне, туку и понатаму, како сонце кое силно свети, ќе свети сведочејќи за Евангелието на Сонцето на правдата. Индија – е земја на апостол Тома, и Бог ја направил многу плодоносна. Во нашата вера и нашата богослужба има некое со ништо неспоредливо волшепство, кое проникнува во срцата на луѓето. И јас сум сведок на тоа, дека многу луѓе во Индија, Светлината на светот – Христос – ги привлекува кон Православието.
Ние денеска ги привлекуваме како и нехристијаните, така и инославните. И зборовите на Христос точно ја опишуваат ситуацијата во Индија: „Жетвата е голема, а работници малку“ (Мт. 9, 37). Во Индија, постои великолепна можност за мисионерство. Секако, постои опасност од спротивставување од страна на радикалите, кои му се познати на светот. Но, зарем имало време, кога работниците на лозјето Христово не биле во опасност? Сепак, засега, руската православна мисија во Индија е многу мала, и има големи потреби од неопходни нешта, и заради таа потреба, се соочува лице во лице со многу препреки. Но, ако потребите на таа малечка, скромна, но верна и плодотворна мисија се задоволат, јас сум стопроцентно уверен во големиот иден успех на Православието во Индија. Тоа е – како нашите прсти. Ако на раката имаме само еден прст, тој нема да може да направи многу работи од она, што би можел да го направи заедно со останатите четири прсти. Денеска, мисијата во Индија – е како еден прст на раката. За полноцена дејност во славата Божја ние имаме потреба од помош од останатите четири прсти. Јас сум уверен, дека индиската мисија ќе стане најплодотворна во современиот свет, затоа што Господ го подготвил мојот народ за примање на Евангелието на Спасението. Се надевам, дека многу луѓе во Русија ќе ни се присоединат во нашата мисија – да се доведат луѓето до Светлината на Христовата Вистина.
Климент Нехамаија, Индија, – студент на факултетот за странски студенти во Санкт-Петербургската Духовна Академија.
Интревјуто го водеше студент од 3 година бакалавријат во Духовната Академија, Максим Трофимов.
Извор:http://spbda.ru/events/hristos-v-indii/