Се разбудил Јурик едно утро. Погледнал во прозорецот. Сонцето свети, убав ден. И посакало момчето да направи нешто добро.
Седи и си мисли:
„Како би било, доколку мојата сестричка тонеше во езерото, а јас ја спасев!“
А сестричката му рекла:
– Прошетај со мене, Јура!
– Оди си, не ми сметај да размислувам!
Сестричката се налутила, и си заминала.
А Јура мисли:
„Доколку дадилката би ја нападнале волци, јас би ги застрелил!“
А дадилката истиот миг:
– Собери си ги чиниите, Јурочка.
– Собери си ги сама, јас немам време!
Дадилката занишала со главата.
А Јура пак размислува:
„Ако Трезорко паднеше во бунарот, јас би го извлекол!“
А Трезорко, со опашката, мавта ли мавта: „Дај ми да се напијам вода, Јура!“
– Излегувај надвор! Не ми сметај да мислам!
Трезорка престанал да лае, и се пикнал во грмушката.
А Јура дошол кај мајка му:
– Што да направам нешто добро?
Мајка му, го погалила Јура по главата и му рекла:
– Прошетај со сестричката, помогни и на дадилката да ги собере чиниите, и дај му вода на Трезор.