– Па добро, оче, зарем приказната за човек кој стои толку години на некаков столб не звучи како бајка?
– Во која смисла? Мислам, што ви изгледа бајковито?
– Па, сето тоа. Ајде, некако практичните детали, можам да ги замислам, дека некој му додавал храна, и т.н. Но, за не му било досадно на човекот 20 години на столб?
– Вам би ви било?
– Да. И Вам би ви било, оче, зар не?
– Да, тоа е подвиг. Но, мене не ми е неверојатно. Колку време поминувате држејќи го смартфонот во рацете, не забележувајќи како времето лета?
– Да, многу. Зошто прашувате?
– Па, замислете молитвата да ви е толку важна, колку смартфонот, сурфањето или социјалните мрежи. Вие би сте се молеле без да го забележете времето, зар не?
Тука некаде заврши разговорот. Подеднакво ме опомена и мене… И самиот би сакал да сум повеќе молитвен, но барем можам да се потрудам да не згасне потребата од Бога како Друг, онолку, колку што имам(е) потреба за ближните.
Свештеник Дарко Ристов Ѓого