Како престанав да пијам – епископ Василиј Родзјанко

…И така, останав сам во огромниот дом. Некогаш тоа беше полн дом, и сега празнина, никој. Секако, во такви услови не можев да спијам, и само седев, се молев и воопшто не знаев што да мислам и што да правам. И одненадеж некој шум, и во тој шум јасно слушнав глас, кој ми кажа: „Сега за тебе започнува нов живот“. И на телефонскиот повик, после пет минути, ми рекоа: „Вашата сопруга почина пред пет минути“.

Го продолжив мојот живот како пастир и работник во BBC, како ништо да не се случило, се присилував себеси. Зашто тоа беше единствениот начин, поинаку не можеше. Но, доаѓајќи дома, ме фаќаше таква тага, таква мака, што не може да се раскаже. И еднаш, мојот поглед падна на шкафчето во ќошот. Тоа шкафче ни беше специјално за гости, кога некој доаѓаше, и таму имаше неколку разни шишиња. Јас се приближив, зедов нешто, не се сеќавам што, се напив една чашка – и ми стана полесно.

И си помислив: „Барем ова, ако ништо друго…“ И така, една чашка, друга, трета – и тргна по вечерите. И почнав да се навлекувам во тоа, за да се успокојам, за да не се мачам, за да не размислувам премногу. Поминаа неколку недели. Наеднаш, телефонот заѕвони. Ѕвонеше Милица, србинка, помошничка на мојата покојна жена, заменик регент на хорот, а сега главен регент, после нејзината смрт, и ми рече: „Не се одлучував да Ви се јавам, но двајцата наши свештеници ми рекоа, дека морам да Ви се јавам, и еве ви ѕвонам“. А јас ја прашав: „Што се случило Милица, што е работата?“ – „Па, Вашата сопруга беше кај мене“. Јас реков: „Што?“ – „Да“ – рече, – „Ми се јави. И знаете како? Оди со кошничка, а во кошничката нешто лежи, и некакви салфетки. И извади од под салфетките шише и рече: „Види, колку добра ракија имам, пробај“. А јас си помислив, како е можно, попадијата да дојде кај мене, да ми понуди ракија, па уште и да вели дека е јака, да пробам. Но, се усрамив, зедов и пробав. И таа беше толку горка, дури ужасно горка.

Мене ми беше срам да кажам дека е горка, и реков: „Да, јака е, јака, многу јака“. Тогаш, таа го остави сето тоа и рече: „Ете, гледаш, сега јас треба да се грижам за тоа. Разбираш?“ Јас си реков, што се случува? И таа замина. Дојде до влезот. Излегувајќи, наеднаш се заврти, и пред сосема да замине, ми рече: „Јави му се на маж ми“, – и исчезна.

Не знам, дали тоа беше во сон, во полусон, или како, не знам, но така беше“. Секако, кога јас тоа го слушнав – како некој со рака да го оттргна тоа од мене. И речете после ова, дека нема задгробен живот и дека нема помош од таму.

 

Епископ Василиј Роздјанко

 

Извор: http://www.pravmir.ru/episkop-vasiliy-rodzyanko-kak-ya-brosil-pit-video/