“Јереј-сан. Исповед на еден самурај“ – Киноагентство

 

Во руските кина деновиве се одржува премиера на еден нов филм – драма од режисерот Егор Барано, „Јереј Сан. Исповед на еден самурај“ («Иерей Сан. Исповедь самурая»). Тоа е трогателна приказна за животот и судбината на еден јапонски самурај, кој по крштевањето добил име Николај, и станал православен свештеник во руско село. Авторот на идејата – е познатиот актор и сценарист Иван Охлобистин, кој во филмот ја има улогата на главниот негативец, а негов соавтор во пишување на сценариото станал Роман Владикин, кој, по зборовите на самиот Охлобистин во сликата вложил огромен пласт на историски контекст, кој на гледачкото перцепирање му дава длабочина и веродостојност.

hiroyuki
Кери Хиројуки Тагава

Несомнен продуцерски успех – е привлекувањето во главната улога на познатиот холивудски актер Кери-Хиројуки Тагава, познат на гледачите по мноштвото блокбастери, меѓу кои и „Близнаци“, „Полиција Мајами“, „Детективното агентство Месечева светлина“, „Спасувачите Малибу“, „Детектив Неш Бриџес“, „Перл-Харбор“’ и многу други познати ликови. После снимањето на рускиот филм, актерот прими православие, за што со посебно задоволство раскажува во своите интервјуа.

Продуцент на филмот е Љубов Калинскаја, која веќе имаше успешен опит на соработка со Иван Охлобистин во филмот „Славеј-разбојник“, кој во русија собра повеќе од 5 000 000 американски долари. Самата Љубов, тој проект го нарече тежок, но многу интересен. Оператор на филмот стана младиот, но веќе истакнат Јуриј Коробејников, кој покрај „Славеј-разбојник“, се наоѓа и во заслужниот зписок на сериите«Интерны», «Универ. Новая общага» и «Зайцев +1». Основниот дел од снимањето, која раскажува за перипетиите на взаемните односи на јапонецот со жителите од руското село, се одржа во вистинско руско село, а делот од филмот, кој раскажува за драматичното минато на главниот херој, снимен е во Јапонија во најдобрите традиции на холивудските воени филмови. Накратко, филмот е снимен интересно, впечатливо и современо.

iereysantokyo

Такуро Накамура – јапонски самурај, роден брат на главата на еден од јакузи клановите, сакајќи да заврши со темното минато, прима православие и при крштевањето добива ново име – отец Николај. Заштитувајќи ја на улица честа на една девојка, стапува во конфликт со непријателски мафијашки клан. За да ги избегне трагичните последици за братот, Такуро е принуден да замине во далечната Русија, каде што завршува во селото Глубокое, Јарославска област, и станува свештеник во локалниот полу-разурнат храм. Далеку не сите жители го примаат странецот топло, многумина ги раздразнува желбата на свештеникот да го промени веќе утврдениот поредок, да го обнови храмот, а заедно со тоа и заборавените традиции во селото. Но најважно – со својата појава Такуро  му го преминува патот на главниот бизнисмен од видот на „деведесеттите“ Андреј Нељубин, во остроумна улога на Иван Охлобистин.

Ќе успее ли јапонецот да ги обедини жителите на селото во борбата со бизнисменот, на чија страна се и бандитите, и полицијата, ќе дознаете, гледајќи го филмот.

mamonov

Покрај познатите Тагава и Охлобистин, се среќава цел ансамбал на познати руски актери, меѓу кои Петар Мамонов, кој го одглуми селскиот ловџија, Игор Жижикин – типичен руски маж, кој ја преживеал војната во Чеченија, неговата сопруга – Љубов Толкалина, трогателен препознатлив селски пар во улогата на Петар Федоров и Дарија Екамасова, зад чија надворешна грубост, се крие искрена љубов на еден кон друг. Сите артисти успеаја да создадат образ на типично руско село, каде што непомирливото непријателство меѓу соседите, се претвора во спремност да се умре еден за друг, со појавувањето на заедничка цел.

Секако, некои решенија во филмот може да се наречат спорни и двосмислени. Некому може да му изгледа чудно појавувањето на јапонски самурај во руско село, па уште и во улога на православен свештеник, а уличната тепачка заради девојка или престрелката во канцеларијата на братот на главниот херој – да се препишат на типичниот холивудски печат, но сето тоа може да се прости, при присуството на најважното – искрената историја на борбата на човечкиот дух со тешките животни околности.

„Јереј-сан. Исповед на еден самурај“ – е филм за духовноста, кој нема ни националности, ни географски признаци. Филм за заедничка цел, која може да ги сплоти луѓето дури и во најтешките времиња. И секако, за Верата, која во многу ја определува судбината на човекот и неговите постапки.

Жанр: драма, воен

Времетраење: 1 час 42 минути

Извор: киноагентство.ру

Поврзано: Познатиот актер Кери-Хиројуки Тагава прими Православие