На 31.12.2015 г., во пречек на граѓанската Нова Година, во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец (Ресен) ќе се отслужи сеноќно бдение со почеток во 23.00.
На Бдението ќе чиноначалствува Митрополиот Преспанско-Пелагониски г. Петар.
„Не очајувај! Господ е близу. Нему кажи му ги сите твои маки и надоумици. Каде што недостига човечки начин за вразумување, таму Божјата помош непосредно ја променува мислата на добро, кога се обраќаме кон Него, како деца кон Отецот“.
Преподобен Мојсеј Оптински