Деновиве, во јавноста се појави една неблагодарна петиција организирана од таканаречена „Загрижена Македонска православна заедница за Австралија“ преку која директно се клеветат и обвинуваат: Надлежниот архиереј на Македонската Православна Црква – Епархија за Австралија и Нов Зеланд, Високо-преосветениот Митрополит г. Петар, Епархиските тела и органи, како и угледот на свештениците.
Најодговорно тврдам дека петицијата е штетна, злонамерна и во ниеден случај не треба да се прифати.
Искрено жалам, што поради моја небрежност и невнимателност, некои од верниците и моите духовни чеда од манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, без мој благослов станале поддржувачи на истата. Имајќи ја и носејќи ја духовно-моралната одговорност, согласно моите должности, што произлегуваат од Каноните и прописите на Православната Црква и Уставот на МПЦ, на сите мои духовни чеда кои што ја поддржале, или, пак имале било каква врска со организирањето на истата, им наложувам најблага Епитимија, и тоа: Одлачување од Света Тајна Причест во траење од шест месеци, под услов во најкраток временски рок да се покајат и јавно да се извинат дека погрешиле, а доколку биле заведени, да ги откријат организаторите.
Најодговорно тврдам, дека ги поддржувам и се потчинувам на сите одлуки на надлежниот Архиереј, Неговото Високо Преосвештенство г. Петар, и на Епархиските тела и органи. Јавно се оградувам од оваа петиција, ја негирам и осудувам, и испраќам апел до сите православни христијани, да го сторат истото.
Игумен Гаврил (Галев)
03.11.2015 г.
Манастир Свети Наум Охридски – Роклин
(скенирана верзија од изјавата, може да се спушти на линкот подолу)