Ешко и Мешко – (За пријателството)

Само уште малку – и ќе се појават ѕвездите. Ќе исплива месечината и ќе заплови, нишајќи се, над тивките есенски полиња. Потоа месечината ќе ѕирне во шумата, ќе почека малку, закачувајќи се за врвот од највисоката елка, и таму ќе ја видат Ежето и Мечето.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=lsBF0kR9E3k[/youtube]

– Колку е сепак добро, што се имаме еден со друг! Ти само замислиси: мене ме нема, ти седиш сам и немаш со кого да позборуваш.
– А ти каде си?
– Мене ме нема.
– Така не може – рекло Мечето.
– И јас така мислам, – рекло Ежето. – Но, ете така – мене воопшто ме нема. Ти си сам. И што ќе правиш?
– Ќе дојдам кај тебе.
– Каде?
– Како – каде? Дома. Ќе дојдам и ќе ти речам: „Ти, зошто не дојде, Еже?“ А ти ќе речеш…
– Ех, колку си глупав! Што ќе речам јас, ако ме нема?
– Ако не си дома, значи си отишол кај мене. Ќе дојдам дома. А-а, тука си бил! И ќе почнам…
– Што?
– Да те карам!
– За што!
– Како за што? За тоа што не си направил како што сме се договориле.
– А како сме се договориле?
– Од каде да знам? Но, ти треба да бидеш или кај мене, или кај тебе дома.
– Но мене воопшто ме нема. Разбираш?
– Ама еве си, седиш!
– Јас сега седам, а ако мене воопшто ме нема, кај ќе бидам?
– Или кај мене, или кај тебе.
– Тоа е ако ме има.
– Па, да. – рекло Мечето.
– А ако воопшто ме нема?
– Тогаш ти седиш крај реката и гледаш во месечината.
– И на реката ме нема.
– Тогаш ти си отишол некаде, и сеуште се немаш вратено. Јас ќе отрчам, ќе ја пребарам целата шума и ќе те најдам!
– Ти веќе сè си пребарал, – рекло Ежето. – И не ме најде.
– Ќе побегнав во соседната шума!
– И таму ме нема.
– Ќе превртам сè, од глава до пети, и ќе се најдеш!
– Ме нема. Никаде ме нема.
– Тогаш, тогаш… Тогаш ќе побегнам в поле – рекло Мечето. – И ќе викнам: „Е-е-е-же-е-е!“, а ти ќе ме чуеш и ќе викниш: „Ме-е-че-е-е!“ Ете така.
– Не, – рекло Ежето. – Од мене ни трошка нема. Разбираш?
– Што-туку ми се нафрли мене? – се налутило Мечето.
– Ако тебе те нема, и мене ме нема. Сфати?
– Не, тебе – те има; а мене – ме нема. Мечето замолчило и се намуртило.
– Ама, Мече!..
Мечето не одговорило. Тоа гледало како месечината, подигнувајќи се високо над шумата, ја излева над него и Ежето својата ладна светлина.