На 31.05.2015 г, кога го празнуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Св. Недела“ Битола.
Величание:
Те величаме Животодавче Христе, и го почитуваме Сесветиот Дух Твој, Кој си Го испратил од Отецот на Твоите божествени ученици.