Драги мои родители!
Не ме галете, со тоа само ме расипувате. Многу добро знам дека не е можно да ми се даде сè што барам. Едноставно, јас ве искушувам.
Не се плашете да бидете строги кон мене. Јас повеќе сакам таков пристап. Тоа ми овозможува полесно да го одредам своето место.
Не бидете недоследни. Тоа ме збунува и ме приморува уште поупорно да се обидувам мојот збор да биде последен во сè.
Не применувајте сила во односот со мене. Тоа ме учи сè да решавам и да добивам по пат на сила. Со поголема подготвеност ќе одговарам на вашата благонаклонетост.
Не кажувајте ветувања кои не можете да ги исполните, тоа ќе ја расколеба мојата вера во вас.
Не паѓајте на моите провокации кога ви зборувам или кога правам нешто, само за да би ве изнервирал. Инаку, ќе се обидам да постигнам уште поголема “победа”.
Не се нервирајте кога ви велам “ве мразам”. Всушност, тоа не е така! Просто сакам да зажалите за она што сте ми го направиле.
Не ме терајте да се чувствувам помлад отколку што всушност сум. Јас ќе ви вратам со тоа што ке станам “плачливко” и “досаден”.
Не го правете наместо мене и за мене она за кое сум во состојба сам да го направам, инаку ќе ми стане навика да ве користам како послуга.
Не ми досадувајте за моите “лоши навики”. Тоа уште повеќе ме зацврстува во нив.
Не ме исправајте во присуство на другите луѓе. Ќе обрнам уште поголемо внимание на вашата забелешка доколку ми кажете смирено и во четири очи.
Не обидувајте се да се расправате за моето однесување во текот на расправијата. Од некои објективни причини мојот слух губи острина за тоа време, а мојата желба да споделувам со вас, пропаѓа. Ќе биде нормално, ако преземете одредени чекори, но подоцна.
Не се обидувајте да ми одржувате лекција. Ќе бидете изненадени, сознавајќи колку совршено знам, што е добро а што лошо.
Не ме терајте да чувствувам дека моите прекршоци секогаш се непоправливи. Јас морам да научам да поправам грешки, не чувствувајќи дека сум не способен.
Не барајте од мене објаснувања зошто така сум сторил. Понекогаш ни самиот не знам зошто така правам, а не поинаку.
Не искушувајте ја мојата чесност. Кога сум уплашен, лесно се претворам во лажливец.
Не заборавајте дека сакам да експериментирам. На тој начин осознавам за светот и затоа, ве молам, помирете се со тоа.
Не ме заштитувајте од последиците на сопствените грешки. Јас се учам на сопстевеното искуство.
Не обрнувајте внимание на моите мали болести. Јас можам да научам да извлекувам задоволства и од тоа лошо чувство, ако тоа нас мене привлекува големо внимание.
Не се обидувајте да се ослободите од мене кога поставувам отворени прашања. Ако не одговорите на нив, ќе видите дека ќе престанам да ви поставувам прашања и ќе барам информации на друго место.
Не одговарајте на провокативни и бесмислени прашања. Ако тоа го правите, ќе откриете дека јас сакам постојано да се бавите со мене.
Никогаш не правете дури ни илузија дека сте совршени и непогрешливи. Тоа ми дава чувство на празен обид да се споредам со вас.
Не се грижете за тоа што поминуваме прекратко време заедно. Побитно е, како го поминуваме.
Не заборавајте дека не можам успешно да се развивам без разбирање и охрабрување, но пофалбата, кога е чесно заслужена, понекогаш сепак се заборава. Но, укорот, сепак, никогаш.
Нека моите стравови и грижи не предизвикуваат во вас вознемиреност. Инаку, ќе се плашам уште повеќе. Покажете ми што е тоа храброст.
Однесувајте се кон мене исто така, како што се однесувате кон своите пријатели. Тогаш јас исто така ќе станам ваш пријател. Запомнете дека мене помалку ме учи критиката а повеќе примерите за поддржување.
Освен тоа, запомнете дека ве сакам и ве молам, одговарајте ми со љубов.