Чудесно појавување на свети пророк Илија (Свети пророк Илија слезе на земјата?)

 

            Развивањето на филмот откри втор, мистериозен човек (во позадина на првиот), кој во моментот на фотографирањето не бил таму.

Многу Евангелисти – Пентакосталци и Протестанти писатели, како и познатиот раскажувач Ерик Фон Неникен земајќи ја предвид претставата на вознесувањето на Пророкот Илија кон небото, и испитувајќи ги работите по својата човечка логика, стигнаа до момент, да тврдат дека огнената кочија од Писанијата беше… вселенско летало! Правејќи соодветен распоред, кажуваат дека подигнувањето би требало да биде со 22 000 коњски сили, но ако се сетиме на релативните бројки, стануваат смешни со нивната теорија…

Сепак Илија не се вознесе со вселенски брод, ниту ќе слезе со вселенски автобус. Илија беше пророк на Вистинскиот Бог, истиот Бог што го раздвои Црвенто Море со два стаклени ѕида, поведувајќи помеѓу нив 600 000 луѓе, без да  ги намократ ни нозете нивни.

Но ако Илија дојде, тогаш сме на работ на најтешката пресвртница на светската историја…

(Атина, декември 2005 год)

Пред извесно време, една госпоѓа од прозорецот на својот дома во Атина, надвор,  во близина на ѓубриштето, видела еден Старец како бара нешто. Му довикнала и го повикала да се качи во нејзиниот дом, за да му понуди кафе и нешто да јаде. И самата таа се симнала долу за да го убеди да се качи, бидејќи и изгледал некако различно. «Добро чедо мое, да се качам» – и рекол старецот и се качил.

Додека го подготвувала кафето во кујната, врајќајќи се, видела дека Старецот изчезнал. Погледнала низ прозорецот, и повторно го видела на истото место. Го повикала повторно со агонија, и Старецот повторно се качил. Го послужила со тоа што имала подготвено, но Тој од својата облека извадил еден скапоцен бисер и и кажал да го продаде и да го купи потребниот билет за да оди да го види својот брат во Америка, нешто што и двајцата го посакувале – да се видат после толку многу години. Бидејќи таа никогаш немала доволно пари за да отпатува до таму. И рекол дека Тој е Пророк Илија и исчезнал.

Таа го направила тоа што и рекол Старецот, со многу радост. Таму брат и, и покажал фотографија, која ја фотографирал пред 20 години на Светата Земја и која ја имал сокриено до тогаш. На никој немал ништо кажано. Сакал да ја објави пред својата сестра сега, кога ја имал можноста да го каже тоа на некој во кого имал доверба.

profitisHLIAS

Кога го развил филмот што го имал напаравено во Светата Земја, на фотографијата која барал да му ја извадат за спомен, со големо изненадување видел до него да стои еден старец, за кој мислел дека е свети Козма Етолски, тоа дури го запишал и на задната страна на фотографијата. Кога ја покажал фотографијата пред својата сестра и и кажал за чудото, велејќи дека тоа е најверојатно свети Козма Етолски, таа скокнала и со стравопочит рекла дека тоа е свети пророк Илија. Го препознала веднаш, бидејќи ја беше посетил во нејзиниот дом. И му ја кажала целата историја.

После 20 години, Милостивиот Господ, дозволи да се открие овој чудесен настан!

 

Извор: http://orthodox-world.pblogs.gr/2008/04/epestrepse-sthn-gh-o-profhths-hlias.html

Превод: Александар Димоски