Честит именден на нашиот Митрополит г. Петар

Величание:

Ве величаме вас, апостоли Христови Петар и Павле, кои сиот свет со учењето свое го просветивте, и сите краеви кон Христа ги приведовте. 

 

Тропар, глас 4:

Како првопрестолни на апостолите, и учители на вселената, Владиката на сите молете Го, мир на вселената да и дарува, а на душите наши голема милост.

 

Просејќи ги молитвите на апостол Петар, се молиме Бог да ве укрепи во Вашата служба, која 34 години неуморно ја извршувате во оваа Преспанско-Пелагониската (порано Преспанско-Битолската) Епархија, за и ние со Вас, да можеме да се радуваме на плодовите од вашиот труд, уште многу години.

Од Вашата паства, и уредништвото на сајтот на Преспанско-Пелагониската епархија, срдечна благодарност и поклон.

На многая и благая лета, Високопреосвященнейший Владико!