Нека ни е лесен и од Бога благословен Божиќниот пост (28.11-07.01) кој е востановен во чест на празникот Рождество Христово – Божиќ.
Божиќниот пост, во однос на воздржувањето во храна е поедноставен.
Во 33-та глава од Типиконот, во која станува збор за сите пости во годината, се предлага ваква шема: Во саботите и неделите се разрешува риба, во понеделник, вторник и четврток – храна со растително масло и вино, во среда и петок – сухојадение (без масло). Ако во текот на неделата се падне празник со славословие или полиелеј, во понеделник, вторник и четврток се разрешува риба, во среда и петок – масло и вино. Во случај, ако вечерта пред среда или петок се служи бдение, во тие дни исто така се разрешува риба.
Во истата книга, во забелешките за 14 (27) ноември, може да се најде и построг устав, според кој риба се разрешува само во сабота и недела, на Воведение во храмот на Пресвета Богородица, и уште во 9 дена, кога се празнува споменот на големи светители, ако се паднат во вторник или четврток. Од 2 јануари, по таа верзија, риба воопшто не се јаде.
Таквите разлики се поради постоењето на две традиции – помеката студитска и построгата – ерусалимска традиција. Ерусалимскиот типик – типик на монаси, отшелници, подразбира построг пост и подолги богослужби – кој со тек на времето станал владеачки во Црквата, сепак кон секојдневниот современ живот поблизок е Студитскиот устав, изработен од монасите во градските манастири.
Денес, бидејќи Поклади се падна во петок, постот се разрешува на риба и вино. Пријатни пости!
(Поради телесни или духовни немоќи, постот може да биде разрешен со благослов на духовникот)