На 29.01.2015 г, кога го празнуваме споменот на св. Антониј Велики во Македонскиот Православен Храм „Св. Петка“ во Мил Парк се одржа Вечерна Богослужба по повод „Св. Антониј Велики“.
На Богослужбата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски г.Петар во сослужение со Митрополитотите Кумановско – Осоговски г.Јосиф и Тетовско – Гостиварски г.Јосиф и Игумените и свештениците на Македонската Православна Епархија за Австралија и Нов Зеланд.
Верниците имаа чест да се сликаат со тројцата Митрополити кои се на Канонска посета во Австралија, следеше посета на црковниот трем (сала) изградена до самата црква на кој Архирејскиот Намесник – Протоереј Тоне Гулев подетално ја запозна делегацијата околу изградената црковна сала и функционирање на истата.
Пред да се сервира и благослови вечерата Митрополитот г.Петар одржа пригоден говор и му го честита утрешниот празник на Отец – Тоне Гулев кој го носи името на св. Антониј Велики.
Извор: http://falanga.com.au/ekskluzivni-fotografii-melburn-vecherna-bogosluzba-vo-hramot-sv-petka-vo-mil-park