На 07. 11. 2015 г, кога го празнувавме споменот на светиот великомаченик Димитриј, во манастирот посветен на него, во Маркова Сушица – Скопје, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи вечерна Богослужба.
Тропар, глас 3:
Целиот свет најде во тебе заштитник, страдалнику, кој ги победуваш незнабошците. И, како што си ја победил горделивоста Лиева, и за борба си го охрабрил Нестора, така свети Димитрие, моли се на Христа Бога, да ни дарува милост голема.
Може ли да се надеваме на светот? Кому тој не му ласкал? Кого не го излажал? Тој ветува многу, но дава многу малку. Само оние кои се надеваат на Господа, по зборовите на светиот Давид, нема да погрешат, то ест, нема да се излажат во својата надеж!
Преп. Антониј Оптински
[nggallery id=73]