Сатаната ги повика сите демони на светски самит:
Во воведното обраќање им рече на своите сатански братја :
– Не можеме да ги спречиме христијаните да одат во црква.
– Не можеме да ги спречиме да ја читаат својата Библија и така да ја откриваат вистината.
– Не можеме да ги одвоиме од нивната вера во Спасителот.
– Кога еднаш ќе воспостават врска со својот Христос, нам моќта над нив ќе ни биде уништена.
– Затоа браќа, да ги пуштиме да одат во својата црква, да ги пуштиме да имаат свои славски ручеци, но да го крадеме нивното време за да не стигнат да воспостават врска со Христос.
Затоа мораме да направиме следно:
– Максимално одвратете ги од размислувања и не дозволувајте да имаат врска со духовниот отец ни во еден момент во текот на целиот ден.
Но како тоа ќе го направиме, запиштеле демоните.
Вака братијо:
– Одржувајте ги што повеќе во работа, во се и сешто што е маргинално и беззначајно, за да потполно го окупира нивниот ум.
– Градете им супермаркети. Мамете ги да трошат пари, да купуваат, купуваат, купуваат, трошат, позајмуваат, земаат кредити, купуваат, трошат, позајмуваат.
– Терајте ги нивните жени да работат што повеќе. Тоа да се вика еманципација,мажите терајте ги да работат најмалку 6-7 дена во неделата и тоа 10 до 12 часа.
Животот без работа нека им стане празен и непознат.
– Што помалку време да поминуваат со своите деца. Семејството никогаш да не им биде собрано заедно, така да домот нема да може да им биде никакво засолниште од напорната работа и место за отпуштање и размислување.
– Окупирајте ги толку нивните мисли, што детските желби нема на стигнат ни да ги слушнат.
– Потолно запоседнете им ги сите сетила. Поттикнете ги секогаш кога ќе влезат во автомобилот да го вклучат радиото или ЦД-то, и да го напојуваат мозокот со ступидарии.
– Дома постојано да им биде вклучен ТВ-орот, видеото, плеерот, ЦД-то или компјутерот.
– Потрудете се секоја продавница и секој ресторан да има музика која нема духовно да ги поврзе со Бог. Треба потполно да им го запоседнеме умот, и да ја скршиме секоја можна врска со Христос.
– Кафитериите наполнете ги со магазини и весници со лесна содржина.
– Полнете ги им ги главите со секакви вести 24 часа дневно.
– На секое ќоше од градот и долж патиштата нека се наоѓаат рекламни билборди, така што мислите ниту во еден момент да не им одлутаат…
– Наполнете им ги поштенските сандачиња со реклами потрошувачки каталози, и со сите можни огласи и лажна надеж.
– Списанијата наполнете ги со пластични убавици какви што никаде не постојат, така што да го поттикнеме нивното константно незадоволство со нивните жени. Постојано во мислите нека ги бараат измислените убавици од филмовите и списанијата.
– Одржувајте ги нивните жени уморни и неспособни за било каква љубов со сопрузите.
– И давајте им секојдневна главоболка.
– Кога се рекреираат , во тоа нека претеруваат. Бесконечно нека ги напумпуваат и нека ги затегаат своите мускули.
– Од теретаните и од џогинг патеките нека се враќаат потполно исцрпени.
– Секоја вечер нека одат на забава, и нека зјапаат во телевизори, нека одат во ресторани, дискотеки, театри…
– Што повеќе нека следат спорт.
– Никогаш да не стигнат да одат во природа, да не гледаат во небо, и ни случајно да не почнат да се восхитуваат на Божјата креација.
– Децата на ушите постојано да носат слушалки, и нека оглуват од вокмени и ајподи. Децата да им се играат со петарди, и да се затупуваат со видео игри, кои ќе ги наведат постојано некого да ловат убиваат, и прстот нека им се навикне постојано да чкрапа на џоистикот како на чкрапало.
– Децата нека им возат ролери и скутери, и сето она кое ќе ги натера да се навикнат да носат кацига. Не им давајте да си играат со кучиња скитници, мачки, птици, билки, и се она кое Креаторот го создал.
Нека се плашат од кучиња скитници, мачки, глувци, мравки, бубачки и сето останато кое Креаторот го создал. Дајте им го Дедо Мраз за да нивните деца никогаш не сфатат што навистина е Божиќ.
– Дајте им го воскресниот зајак за да никогаш не говорат за Воскресението и за силата на животот надвор од гревот и животот по смртта.
– Нека се воодушевуваат од автомобилите, моторите, јахтите, авионите, куќите…
– Ни во еден момент да не им дозволите да бидат опуштени, да почнат да ја чувствуваат природата, да влезат во хармоничен однос со Создателот, меѓусебно да си помагаат, и да почнат да мислат дека силата на Креаторот е во нив самите, па светот да можат да го кројат по своите желби и потреби.
– Запомнете браќа демони, нашата философија е дека Бог не го создал човекот туку човекот Бога.
– Не им давајте да живеат според учењето на Христос и по Божјите закони или со нас е готово…
Подготви: С.С.
Преземено од: http://preminportal.com.mk/paraleli/15069–satanata-i-svetskata-konvencija