Љубовта се раѓа од верата и стравот Божји, расте и се укрепува со надешта, а се усовршува со благоста и милосрдноста, со кои се изразува подражавањето на Бога, како што е кажано во Евангелието: „Милост сакам, а не жртва“ (Мт. 12, 7). Милоста и снисходењето кон ближниот и проштевањето на неговите недостатоци – е повиоско од жртвата, која не се прима без мир кон ближните, по зборовите од Евангелието: „ Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш, дека братот твој има нешто против тебе, остави го дарот твој пред жртвеникот, и оди и помири се со братот, па потоа дојди и принеси го дарот свој“ (Мт. 5, 23-24)
Преп. Амвросиј