Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица во Битола

На 27.03.2015 г, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Мало Повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица во црквата „Св. Богородица“ во Битола, на која го освети петтолебието, кое многубројниот народ го принесе во чест на св. Теодор Тирон.

Животот наш е духовна воена служба – борба: со кого? – со невидливите духови на злобата. Кој ги подигнува тие напади? – непријателите на нашиот живот – бесовите, обидувајќи се да ни ги одземат венците од подвизите за трпение, кои би можеле да ги примиме, примајќи ги маките, навредите, понижувањата, прекорувањата, презреноста и останатото, и да го омекнеме преку нив нашето жестоко срце, истребувајќи ги страстите: самољубието, славољубието, сластољубието и среброљубието, од кои и сите други страсти ја земаат својата сила и дејствуваат. (Преп. Макариј Оптински)

P1130852

P1130855

P1130869

P1130875

P1130883

P1130889

P1130913

P1130922

P1130927