На 13.12.2015 г., во 28-та Недела по Педесетница, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Свето Преображение“, Прилеп.
На Литургијата, Владиката го ракопроизведи во чтец при храмот „Св. Преображение“ г-динот Петар Поп-Антоски.
„Колку е посилен нашиот порив кон Безграничниот, толку поспоро ни изгледа нашето приближување кон Него. Од една страна мачното чувствување на нашата ништожност, а од друга – гледањето на неискажливата величина на Оној Кого ние Го бараме, ја оневозможуваат веродостојната проценка на нашата сегашна положба: се приближуваме ли ние кон Бога или се оддалечуваме од Него?“
Старец Софрониј Сахаров
Беседата на Митрополитот можете да ја преслушате тука:
[nggallery id=88]