Можеби, ве збунува тоа што не наоѓате во себе возвишени чувства на љубов и умиление во молитвата. Овие и сличните чувства, се дарови или награда, дадена од Господ на достојните и смирените. Но, ние гледаме од примерите дека многумина, добивајќи ги даровите и насладувајќи се со нив доволно… потоа паѓаат преку вознесување или, поопасно и од тоа, прелажувајќи се со своето исправување или светост, се помрачуваат во умот и пребиваат неисцелени во таквата прелест. Превознесувањето пак толку незабележливо се прикрадува, што е тешко и да се забележи… на некои луѓе да им се даде тој „дар“ не навреме – не би им било за полза, туку за погибел.
Преп. Макариј