Вечерта, спроти празникот на Крштевањето на Русија и 1000 годишнината од блажената смрт на светиот рамноапостолен велик кнез Владимир, Претстојателот на Украинската Православна Црква, Блажениот Митрополит Киевски и на цела Украина Онуфриј, после празничниот молебен канон на Владимирското ритче, го возглави крсниот вход по централните улици на Киев.
Заедно со Неговото Блаженство, во литијата зел учество епископатот и духовенството од сите епархии на УПЦ, а исто така и повеќе од 20 000 православни верници од цела Украина.
„Крсната литија – е забележителен настан, зашто во неа зедоа учество околу дваесет илјади верници – од Киев, и поклоници од разни краеви на Украина, – раскажува заменик претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на УПЦ, протоерејот Николај Данилевич. – Многу е важно, што луѓето кои живеат во различни региони на Украина, во овој вход се видоа еден со друг, и заедно се молат за мир и единство во нашата земја“.
На крсниот вход, од Владимирското ритче во Свето-Успенската Киево-Печерска Лавра, биле пренесени ковчегот со моштите и иконата на светиот кнез Владимир, заедно со 8-те чудотворни образи на Пресвета Богородица, донесени од разни краеви на Украина на јубилејниот празни, соопштува официјалниот сајт на УПЦ.
Неофицијални извори соопштуваат дека на литијата примиле учество многу повеќе луѓе отколку што се укажани во официјалните податоци – забележуваат, дека на молитвениот вход излегле околу 100 000 луѓе.
Извор: pravoslavie.ru