Праведно е, од љубов кон Бога да Му угодуваме, но љубовта има тесна врска со смирението; и ако последново не го гледате во себе, и љубов не барајте. Љубовта возвишува, а смирението, возвишениот дел не допушта да „падне“; одземи ѝ го ова, и ќе падне; Зашто вие сте свесни дека мнението и гордоста не ве оставаат… Затоа и треба по смирен пат да се оди кон Бога и да се пазите од самонадежноста, од која и се лишувате од спокојноста и паѓате во престапите, за кои ми пишавте, дека незначајните непријатности ве туркале неколку дена во тага. Каде е тука љубовта Божја? А смирение не ни ималу, туку нивното место го зазема гордоста…
Преп. Макариј