Светите отци даваат ваков пример: кога котелот врие, никаква бубачка, дури ни малечок инсект не може да се приближи до него, зашто се гори од жештината на котелот. Ако пак оганот угасне, и котелот истине, не само што инсектите удобно ќе испоседнат по него, туку и разни влекачи спокојно влегуваат и лежат во него. Така и оганот на вистинската божествена љубов изгонува секакви нечисти помисли, а кога ваквите помисли силно досадуваат на (го вознемируваат) човекот, тоа е јасен знак дека тој сеуште не ја достигнал мерата на Божјата љубов.
Преп. Амвросиј