Патријархот Тихон Московски и на цела Русија (1917-1925) се родил на 19 јануари-1 февруари 1865 – починал на 7 април, 1925 г, пред деведесет години.
Патријархот Тихон (до постригот во монаштво во 1891 г – Василиј Иванович Белавин) се родил во семејството на селскиот свештеник во Торопецкото предградие на Псковската епархија. Детсвото и младоста му поминале во селото, во непосреден контакт со работничката класа и близост со селскиот труд. Од млади години се одликувал со посебно религиозно расположение, љубов кон Црквата и ретка кротост и смирение. Василиј учел во Псковската Духовна семинарија од 1878-1883 год. Скромниот семинарист се одликувал со ласкав и привлечен карактер. Во 1888 година ја завршил Санкт-Петербургската Духовна Семинарија и во мирски чин добил назначување за професор во родната Псковска Духовна Семинарија. На 26 година, во 1891 год, примил монаштво, после што заполчнало неговото брзо продвижување по црковно-ерархиската скала. Му служел на Бога во Варшава (Полска) и Пенсилванија (САД). Од 1907 година бил повикан назад во Русија, каде служел во Јарославската епархија. Убеден монархист, светителот Тихон станал претседател на Јарославското одделение „Сојуз на рускиот народ“. Во 1913 година заради несогласувања со губернаторот бил преместен да биде архиепископ Литовски и Виленски. Во 1915 година, кога руската војска ја напушта Виљна, светителот Тихон заминал во Москва.
(5) 18 ноември 1917 год, на првиот Серуски помесен собор бил избран за патријарх. Истапувал против декретот на Советската влада за одделување на црквата од државата, непријателски се поставил кон склучувањето на Брестскиот мир. Во посланијата ги повикувал верните да не се потчинуваат на Советската власт, ја предал на анатема, актино се спротивставувал на одземањето на црковните вредности за потребите на „сиромасите“.
За контрареволуциона дејност бил обвинет во мај 1922 година, и бил заклучен во домашен притвор во Донскиот манастир. Во декември, 1924 година, непознати провалиле во келијата на Донскиот манастир и стрелале во патријархот Тихон, кого го покрил со своето тело келијникот Ј. С. Полозов, спасувајќи го патријархот со својот живот.
Кратко пред смртта, светителот Тихон напишал препорака, повикувајќи ги верните да соработуваат со Советската власт, но голем број специјалисти искажале сомнеж за направен фалсификат.
Умрел патријархот Тихон на 7 април, 1925 година во Москва. Во 1988 година, Тихон беше канонизиран од Руската Православна Црква. 9 октомври, Руската Православна Црква го празнува споменот на светителот Тихон, патријарх Московски и на цела Русија.
http://vk.com/feed?w=wall58863239_33868