Зошто Рождественскиот пост се нарекува Филипов пост?

Постот кој започнува утре има две имиња. Официјално – „Божиќен пост“ и неофицијално, народно – „Филипов пост“, „филипки“. Зошто е тоа така?

Ги прашуваш црковните луѓе – одговараат: „Затоа што постот започнува на следниот ден после празникот на апостол Филип“.

И што? Која е разликата, кога започнува? Во црковната традиција, постот – е пат. И патот добива име по тоа, каде тој води. Инаку сите московски проспекти и шасеа би се викале „московски“, било да е тоа Шасето на Ентузијастите Киевско шасе. Зашто во Москва започнуваат. Во Црквата е исто така: Великиот пост – Велигденски Пост, Богородичен пост – кон Успение, Петров, Апостолски пост – кон денот на апостолите Петар и Павле. Во Црквата порано имало и други постови: есенските Митровденски и Михајлов пост (по една недела), но тие исчезнале.

Како и да е, кога ќе се востановувал некој пост, тој го добивал името по тоа, кон која цел води. И наеднаш – имаме доста старо име „Филипв пост“.
Одговор наоѓаме во житието на апостол Филип.
Во некое градче, апостол Филип го уапсиле и го казниле – го обесиле, распнувајќи го на градските ѕидини. Рацете и нозете не му ги пробиле со клинци, туку само го заврзале за дрвата, и во таква распната состојба тој висел цела недела и починал. Пред смртта, не издржал и се помолил: „Боже, Саваоте! Казни ги моите џелати!“
Неговата молитва била исполнета. Градот се срушил и пропаднал во земја, заедно со градоначалникот, целатите и судиите на Филип.
Кога Филип дошол пред Христос, Тој не го пуштал во рајот. Филип повикал: „Господи, но јас сум Твојот апостол, Твојот ученик“, – а Христос рекол: „Ти не си Ми ученик. Што им велев Јас на Моите ученици?
„Молете се за оние што ве навредуваат!“ – а ти им посакуваше зло на џелатите. Ти не си Ми ученик, затоа оди си одовде“. Тогаш душата на Филип им се јавила на останатите живи апостоли и ги молела: „Измолете го, собраќа Христос да ми ја прости таа моја слабост!“
И апостолите си наложиле пост и молитва, и после четириесет дена од нивниот пост, Христос ја сменил Својата одлука, му простил на Филип и го пуштил во рајот.
Во оваа верзија го раскажал житието во IX век Анастасиј Библиотекарот – образован грк, кој служел како записничар и библиотекар при римскиот папа (тогаш уште биле православни времиња), и бил пријател на светите рамноапостолни Кирил и Методиј.
Денеска пак, во црковните книги, во Минеите на светителот Димитриј Ростовски, ќе најдете сосема друга историја – расказ за тоа, кога апостол Филип умрел, Христос го викал во рајот, а Филип самиот не влегувал и велел: „Не одам Господи во рајот, додека не им простиш на моите џелати!“
Четириесет дена Филип не влегувал во рајот, додека Христос не рекол: „Добро, заради друштво – оди заедно со своите џелати“.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=JMohTgQIAIg[/youtube]

Протоѓакон Андреј Кураев

Извор: http://www.pravmir.ru/protodiakon-andrej-kuraev-o-rozhdestvenskom-poste-video-1/#ixzz3KHkR2Hzn