На 17 Октомври, 2014 г, Советот на Владата на Руската федерација, на тема грижата во социјалната сфера, ги разгледа прашањата за профилактика од откажувањето на мајките од новороденчињата, вклучувајќи го и откажувањето од децата со нарушен развој.
За тоа ссопштува прес-службата на Синодалниот оддел за милосрдие.
Во рамките на таа седница одржа говор и претседателот на Синодалниот оддел за црковна благотворителност и социјално служење, епископот Орехово-Зуевски, Пантелејмон. Едно од прашањата кои се разгледувале од учесниците на советот, била моралната состојба на лекарите, медицинските сестри, помошниците во породилните домови, и жените, кои се откажуваат од своите деца.
Во својот говор, владиката Пантелејмон забележал, дека Црквата е спремна поактивно да се вклучи во работата за профилактика од откажувањето од новороденчињата и предложил да се размисли над тоа, претставниците од традиционалните религии да имаат поголеми можности да им помогнат на луѓето во медицинските установи да дознаат за доброто и злото.
„Ние не ги тераме луѓето да веруваат во ништо, за ништо не ги принудуваме, но да им раскажеме во што веруваме ние, да им раскажеме, зошто е неправилно да се откажеме од детето, би било добро“, – рече епископот Пантелејмон.
Освен тоа, Црквата е спремна да предложи не само духовна, но и материјална поддршка на жените кои се наоѓаат на границата да се откажат од детето. Еден од таквите проекти успешно се реализира во Москва, во храмот на светителот Алексиј, митрополит Московски, во Рогожска Слобода. Исто така, на територијата на Русија, од Калининград до Јужно-Сахалинск, функционираат 18 парохиски прифатилишта и кризни центри за бремени жени и жени со деца, кои се наоѓаат во тешка животна ситуација. Да напомнеме, дека според податоците од Министерството за здравство, во 2013 г, во установите за акушерство, биле зафиксирани 5038 откажувања од новороденчиња.
Извор: http://www.pravmir.ru/tserkov-gotova-aktivnee-borotsya-s-otkazami-ot-novorozhdennyih/#ixzz3Gf6htZhD