На 27.10.2014, кога го празнуваме споменот на св. преподобна Параскева-Петка, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „св. Благовештение“ Прилеп.
Тропар на преп. Параскева, гл. 2
Пустинскиот и безмолвен живот возљубувајќи го, по стапките на Христа, твојот Младоженец, усрдно си поитала, и Неговиот благ јарем во младоста твоја земајќи го, со крсен знак против духовниот непријател храбро си се вооружила. Со испоснички подвизи, пост и милотва, и солзни капки, си го изгаснала жарот на страстите, достославна Параскево: и сега во Небесните одаи, со мудрите девојки стоејќи пред Христа, моли се за нас кои го почитуваме твојот чесен спомен.
Кондак, гл. 6
Светата застапничка на оние кои се во беда, сите благочестиво да ја воспееме, Параскева сечесната. Зашто таа, оставајќи го тлениот живот, нетлениот го прими во вечноста. Заради тоа, прими слава на чудата на благодатта, по Божја наредба.