1. Христијаните, според Божјите заповеди, треба да станат свети и совршени. Совршенството и светоста се зацртуваат најпрвин длабоко во душата на христијанинот, па дури потоа се запечатуваат и во неговите желби, зборови, дела. Така, благодатта Божја, која постои во душата, се излева и на сиот надворешен карактер.
2. Сме ги осмилиле ли ние нашите големи обврски кои преку крштението сме ги примиле врз себе пред Бога? Сме осознале ли дека треба да се однесуваме како деца Божји и како браќа на нашиот Господ, дека треба да ја изедначиме нашата волја со Божјата волја, дека е неопходно за нас, како Негови чеда да бидеме слободни од гревот, дека треба да Го љубиме со сите сили од длабочината на нашите души и срца, дека треба да Му се поклонуваме и со нетрпение да Го очекуваме соединувањето со Него засекогаш? Сме се замислиле ли дека срцето наше треба да биде преисполнето со љубов толку, што ќе се излива на нашиот ближен? Имаме ли чувство дека треба да бидеме свети и совршени, образ Божји, чеда Божји и наследници на Царството Небесно?
3. Христијанинот треба да Го прославува Бога и со телото и со душата. И едното и другото Му припаѓаат на Бога, затоа немаме права да ги употребуваме бесчесно, туку треба да се користиме со нив как со осветени и свети, со голема благодарност.
4. Патот кој води кон совршенството е долг. Молете се на Бога, Тој да ве укрепи. Примајте ги трпеливо вашите падови и веднаш, станувајќи, трчајте кон Бога, не застанувајте, како деца, на местото каде што сте паднале, плачејќи и ридајќи неутешно.
5. Благодатните зборови на христијанинот се карактеризираат со деликатност и љубезност. Тоа е она што раѓа љубов, и носи мир и радост. Напротив, грубоста породува омраза, непријателство, мака, желба да се победува во спорови, безредија и војни.
6. Колку се заблудуваат луѓето кои ја бараат среќата надвор од себеси – во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во големи авантури и наслади, во задоволства и изобилие, и во пусти работи кои за свој крај ја имаат тагата! Да се гради кула од среќа надвор од нашето срце – е исто како да се гради дом на место, кое е подложно на постојани земјотреси. Многу скоро таквата зграда ќе се сруши.
7. Кој го проверува секој збор, тој го проверува и секое дело. Кој ги испитува зборовите кои сака да ги каже, ги испитува и делата кои сака да ги изврши, и никогаш нема да ги премине границите на добро и добродетелно поведение.
8. Најважен труд на човекот – е молитвата. Човекот бил создаден, да го прославува Бога. Тоа е оној труд кој е достоен за него. Само тоа е способно да ја открие неговата духовна суштина. Само тоа ја оправдува неговата особена положба во сета твар. Човекот бил создаден да Го почитува Бога и да биде сопричасник на Неговата Божествена благост и блаженство.
9. Не сакам да страдате и да се помрачувате од сето она што се случува против вашата волја, колку и да е справедлива. Таквото страдање сведочи за постоењето на егоизмот. Внимавајте над егоизмот кој се крие под личната праведност. Внимавајте и на неумесното сожалување, кое се раѓа после справедливото изобличување. Прекумерното огорчување – е искушение. Единствената вистинска огорченост – е онаа, која се појавува, кога ние стануваме свесни за несреќната состојба на нашата душа. Сите останати огорчувања немаат никаков однос кон благодатта Божја.
10. Прегратките на Црквата се секогаш отворени за нас. Да побрзаме кон нив сите, чија совест ни е обременета. Да побрзаме, и Црквата ќе ја подигне тежината на нашето бреме, ќе ни подари и смелост кон Бога, ќе го исполни нашето срце со среќа и блаженство.
Извадоци од книгата на св. Нектариј Егински „Пат кон среќата“
Извор: http://www.pravmir.ru/svyatitel-nektariy-eginskiy-u-tserkvi-vsegda-otkryityi-obyatiya-dlya-nas/#ixzz3JndGfl4t