На 21.01. 2014 г, митрополитот Преспанско-Пелагониски, г. Петар со свештенството од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, отслужи Божествена Литургија, каде што ја сподели радоста на престолниот празник со многубројниот верен народ. На литургијата, Митрополитот ги поздрави верниците со пригодно слово:
„Денешниов празник, за нас е почеток на празниците. Тој е врата кон благодатта и вистината. Денес Создателот на сè си направил одушевен храм, и созданието (во лицето на Дева Марија) станува ново живеалиште на Творецот“. Св. Андреј Критски.
„Денот на Раѓањето на Богородица е празник на сеопшта радост, затоа што преку Богородица се обнови целиот човечки род, и тагата на прамајката Ева се претвори во Радост“.
„Зашто се роди Дева, и светот преку Неа се обновува“. Св. Јован Дамаскин.
Тропар на Рождеството, гл. 4
Рождество́ Твое́, Богоро́дице Де́во, / ра́дость возвести́ всей вселе́нней: / из Тебе́ бо возсия́ Со́лнце Пра́вды, Христо́с Бог наш, / и разруши́в кля́тву, даде́ благослове́ние, / и упраздни́в смерть, дарова́ нам живо́т ве́чный.
Кондак, гл. 4
Иоаки́м и А́нна поноше́ния безча́дства,/ и Ада́м и Е́ва от тли сме́ртныя свободи́стася, Пречи́стая,/ во святе́м рождестве́ Твое́м./ То пра́зднуют и лю́дие Твои́,/ вины́ прегреше́ний изба́вльшеся,/ внегда́ зва́ти Ти:/ непло́ды ражда́ет Богоро́дицу и Пита́тельницу Жи́зни на́шея.
[nggallery id=56]