На Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ (свечена сала архиепископ Доситеј) на 27 ноември 2014 година (четврток), со почеток во 12,оо часот, беше промовирана книгата Битолската богословија „Свети Јован Богослов“ (1922-1941) од м-р Билјана Петковска, секретар на Факултетот.
Промотори беа: Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски господин Петар и професор д-р Димитар Ќорнаков. Програмата ја водеше ѓаконот Александар Димитријов.
Книката ја отпечати Книгоиздателство „Култура“ од Скопје.
Посетеноста беше голема, а задоволството огромно, бидејќи промоторите дадоа мошне позитивно мислење за книгата на м-р Билјана Петковска, затоа што нејзината студија пополнува една празнина која недостасуваше во црковно-народната историографија на Македонија.
Книгата е достапна до секој еден добронамерен читател и истражувач во книжарниците на „Култура“ од Скопје.
Во соработка со Премин Портал