Апелациониот суд на Лахор, после петте претходни одложувања, минатата недела ја потврди смртната пресуда за христијанката, мајка на пет деца, Асиа Биби,
која во ноември 2010 година, судот од најнизок ранг, ја осуди со смртна казна – бесилка, според законот за „богохулство“.
Адвокатите на Биби поднесоа жалба до апелација во Врховниот Суд на Пакистан. Тие настојуваат на тоа, дека изјавите на сведоците се лажни, а обвинението против Асиа е исценирано од исламските фундаменталисти, – пренесува Седмица.ру.
За времето од речиси 5 години поминати во затвор, мноштво меѓународни организации и политички лидери во различни земји истапија во заштита на Асиа Биби, која стана симбол за борбата против законот за „богохулство“. Во Париз, меѓународната организација „Христијанска солидарност“ ќе проведе штрајк пред амбасадата на Исламската Република Пакистан.
Извор: http://www.pravmir.ru/parizhane-vyiydut-na-manifestatsiyu-protiv-smertnogo-prigovora-pakistanskoy-hristianke/#ixzz3GlSBfjU9