Без оглед на тоа, што настанот бил од затворен карактер, а влезот во храмот бил дозволен со претходно испратени покани, една од парохијанките се обидела, влегувајќи во храмот, да го прекине намазот, извикувајќи им на муслиманите кои биле внатре: „Излегувајте од нашата црква!“. Во своето интервју за агенцијата Reuters, жената, која живеела во државата Мичиган, изјавила, дека тоа го сторила заради Господа.
Еден од најголемите во САД, Националниот катедрален храм во Вашингтон, во петокот, на 15 ноември станал место на извршување на грандиозниот, по својот размер, петочен намаз.
Организатори на тој „настан“ станале „на стојателката“ на храмот Џина Кембел и амбасадорот на Јужно-Африканската Република во САД, Ибрахим Расул, а исто така членовите на Организацијата на муслимани Далас, Комитетот на америчко-исламските односи, Комитетот за исламски работи, Организацијата на „џамијата Умма“ и Исламското здужение на северно-американски муслимани, пренесува информативниот портал „Линга“.
Традиционалната петочна проповед ја произнеле имено организаторите на тој настан. И ако Ибрахим Расул се ограничи со тоа, што го осудил религиозниот екстремизам, повикувајќи ги верниците кон поблиски односи, Кембел, која е скандално позната во црковните кругови на Америка, настапи со пламен говор, во кој направи редица далекусежни теолошки забелешки. „Сите ние се поклонуваме на единиот Бог – и затоа и катедралниот храм ќе стане место за молитва на сите луѓе, независно од нивната конфесионална припадност“, – резимирала „настојателката“.
Овој чекор на Кембел предизвика бурна критика во консервативниот дел на американското општество. Имено, свештеникот Франклин Грехам, син на познатиот евангелски проповедник Бил Грехам, реско го осуди одржувањето на намаз во христијански храм. „Жално е, што црквата дозволува во нејзините ѕидови да се почитува некој друг, покрај Единиот Бог, Чие име ни е познато во Библијата, која ни раскажува за тоа, дека Неговиот Син дојде за да нè искупи. Христос јасно ни рече: „Јас сум патот, вистината и животот“. (Јн. 14, 6), – напишал мисионерот на својата фејсбук страна.
Интересно, за ова се огласи едно израелско издание: „Ова е слично на сцената која го заледува срцето од филмот – катастрофата за Антихристот и последните времиња: стотици муслимани, кои сметаат дека Христос – не е Господ, и исповедаат дека „нема бог, освен Аллах, и Мухамед – како негов пророк“, го постилаат своите килими и се молат во најпознатиот христијански храм во Америка. Само што ова не беше филм“.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/75402.htm