На Кипар ќе се изгради Грузиски манастирски комплекс

На Грузиската Православна Црква на Кипар ѝ беше предаден еден дел земја. Како што им соопшти на новинарите во патријаршијата на Грузија, протоерејот Георгиј Звиададзе, на тој имот ќе се изгради манастирски комплекс, што ќе им даде можност на грузиските духовни лица да служат богослужби за грузијците, кои што живеат на Кипар,

соопштува Грузија онлине.

Отец Георгиј раскажа и за посетата на Католикос-Патријархот на цела Грузија, Светејшиот и Блаженејши Илија II на Кипар.
На Патријархот Илија II, и на другите членови од грузиската делегација, им беше дадена можност да го посетат на Кипар местото, каде што од 10 век постоел грузиски манастирски комплекс. Сега таму се само урнатини. Претстојателот на Грузиската Православна Црква, таму отслужи благодарствен молебен и панихида.
Како што соопшти протоерејот, официјалната средба се остварила во резиденцијата на архиепископот Кипарски, и таму, станало збор за подготовките на Вселенскиот црковен збор, кој ќе се случи во 2016 година.

Извор:http://www.pravoslavie.ru/news/74551.htm