На 23.10.2014 година, во манастирот Успение на Пресвета Богородица, Јанковец, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар ја пострижа во мала схима расофорната монахиња Параскева.
Преподобен Варсануфиј Оптински му рекол на својот послушник Николај, идниот Оптински старец Никон: „Монаштвото не е само мантија и каша. Облече мантија, почна да јадeш каша и си мислиш: веќе станав монах. Не. Само надворешното на принесува никаква полза. Секако, треба да се носи монашка облека и да се пости, но не е сè во тоа. Ламбата, додека не гори, не ја оправдува својата предназначеност – да свети. Што недостасува? – Оган. Неопходен е и фитил, и керосин, но ако нема оган, ако таа не е запалена, никому не принесува полза. Ако се запали пак, веднаш ќе се разнесе светлина. Така е и во монаштвото: само надворешноста не принесува полза, неопходен е внатрешен оган. О. Анатолиј рекол: „монахот е човек на скриеното срце“.