Заповедано ни е да го љубиме ближниот како себеси. Но, како се сакаме себеси? Јас, на пример, се сакам себеси не затоа што, да речеме, сум многу мил човек. Не се сакам за тоа што сум добар, а затоа што јас – сум јас, со сите мои недостатоци.
Често, јас длабоко мразам некоја своја особина. Но, сепак, не можам да престанам да се сакам. Со други зборови, таа реска линија, која христијанството ја поставува меѓу љубовта кон грешникот и омразата кон неговиот грев, постои во нас откако знаеме за себеси. Вие не го сакате она што сте го направиле, а себеси се сакате. Вие, можеби сметате дека треба и да ве обесат. Можеби дури и сами ќе отидете во полиција и доброволно ќе ја примите казната. Љубовта не е избувливо чувство, туку упорна желба оној, кого го љубиме, да го добие поголемото добро.