Оваа година, се исполнија сто години од раѓањето на митрополитот Антониј Сурожски (19 (6) јуни, 1914, Лозана, Швајцарија – 4 Август, 2003, Лондон). Во Лондон, каде што тој служел 40 години, се одржа конференција, посветена на владиката, како што соопштува РИА Новости.
Конференцијата се одржа во лондонскиот Кралски колеџ, со учество на гости од САД, Грција, Италија, Франција и многу градови од Велика Британија. Свештеници, писатели, богослови, новинари, многумина кои го познавале митрополитот, ги споделуваа своите спомени за владиката Антониј, разговараа за проблемите кои се обработуваа во неговите проповеди и книги.
Во Русија, словото на митрополитот Антониј звучеше многу децении благодарение на религиозните емисии на руската служба на BBC. Многу години нив ги водеше Елизабет Робсон.
„Тој беше влијателна фигура со уникатна биографија. Беше многу баран на радио и телевизија“, – ги сподели нејзините спомени со соработникот на РИА Новости. „Тој дошол во Англија, без воопшто да знае јазик, но го изучил до тој стешен, што дури е неверојатно, зачува само мал акцент“, – забележа Робсон.
Според нејзините зборови, „тој, за да објасни нешто, често раскажуваше примери од сопствениот живот“, секогаш се трудеше да биде јасен, достапен, умееше да „преведе“ од религиозниот јазик на световен јазик.
Божествена литургија и панихида за митрополитот Антониј отслужи отец Александар Фостиропулос, кој долги години служел заедно со владиката во Сурожската епархија.
Конференцијата беше организирана од руско-британскиот Фонд, наречен според митрополитот Антониј. Фондот собра уникатна архива со документи од владиката: неговите дела, вклучувајќи ги и необјавените писма, филмови и записи. Сите тие документи се доступни за јавноста.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/75193.htm