Секој носи свој крст, и вие носите својот крст, макар и со еден прст, но сепак носите. Носењето на крстот е неопходно за спасението на секој христијанин, а не само на монахот. Да, сите носат крст и носеле, дури и овоплотениот Бог носел крст, и Неговиот крст бил најтежок, како оној кој во себе ги содржел крстовите на сите луѓе. И забележете: Бог го носи крстот, а човекот помага (Симон Киринеец) со тоа, што тој го зема од Него крстот и сам го носи. Значи, и ние, носејќи ги своите крстови Му помагаме на Господа во носењето на крстот, т. Е., се спремаме да бидеме Негови слуги на небото, во хорот на Бесплотните Духови… Колку висока должност!
Преп. Варсануфиј