29.11.2014 Св. Недела, Битола

Денеска, кога Црквата го празнува споменот на светиот апостол Матеј, во црквата „Св. Недела“ во Битола, протојерејот Стеван Здравевски отслужи Божествена Литургија. На литургијата, по негов благослов, пееше хорот „Св. Ахил Преспански“ од Ресен.

За многу години!

Зошто вие, праведничка, да одите на исповед?! Вие, секако, не зборувате: …што не сум како другите луѓе, бидејќи тоа веќе би било премногу. Меѓутоа, имате малку од општото чувство за недостојност. Може да дојдете некако и до тоа: и во тоа сум грешна, и во тоа сум грешна. Говорете: згрешив со збор, дело и мисла. Зарем немаше празнословие? Зарем немаше смеа? Зарем времето не го губите напразно? Зарем никого со ништо не соблазнивте? И зарем помислите се секогаш добри? Сметам дека, доколку проникнеме во помислите, ќе се насобере толкав куп на гревови што нема да можеме ни се кренеме. Треба да застанеме покрај срцето и да се навикнеме да ги забележуваме мислите и чувствата што доаѓаат од него. Тогаш ќе видите колку е смрдливо нешто тоа наше, божем, добро срце. Тогаш во секој момент ќе се каеме и ќе се исповедаме на Бог, Кој е секаде присутен и Кој сѐ гледа. Помогни ми, Господи! На денот кога се причестивте со Светите Тајни бевте тажни. Што да правите? И за тоа благодарете Му на Господ. За сѐ благодарете. Еве што ни е потребно: да не си го цениме (подвигот), односно да не проценуваме колку се возвишивме над земјата. Најдобро е сосема да заборавиме на тоа. Мерката нека биде само една: ние сме ни за што. Ако стоиме на вистинскиот пат, сведоштвото за тоа не е во топлината на чувствата, иако ни тоа не е лошо, туку во решителноста цврсто да Му служиме и да Му угодуваме на Бог до смрт, не обрнувајќи внимание на тоа дали на душата ѝ е топло, или суво и безволно. Променливите состојби на срцето треба да ги поднесуваме велејќи Му на Господ: јас не ни заслужувам подобро… и слично на тоа. Што да правиме? Ние сме слаби и непостојани луѓе… А што е најважно и сластољубиви. Силно посакуваме да ги вкусиме сите сладости. А штом ќе ни дадат нешто горчливо, не ни е по волја. Сето тоа е променливо. Нека не ве збунува тоа што се случува на денот кога се причестивте. На тој ден, Господ за душата го прави она што е за неа најполезно. А за вас тагата била полезна, затоа ви е и оставена. Само кажете: фала на Бог за сѐ.
Св. Теофан Затворник

20141129_080539

20141129_082959

20141129_083031

20141129_085209

20141129_085423

20141129_093000

20141129_095129

20141129_095132

20141129_095139