18 Недела по Педесетница

На 12.10.2014г, Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар, на 18 Недела по Педесетница, отслужи Божествена Литургија во храмот на „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп.

Владиката го толкуваше Воскресното Евангелие правејќи споредба меѓу покајанието и смирението на апостол Петар пред Христос, и лажното смирение на Гадаринците. Првото „бегање“ од Христос, го возвиши апостол Петар во добродетелите и со тоа го доближи до возљубениот Господ, а второто бегање од Господ беше последица на грешните желби, кои се попречуваат на патот кон Бога, и стануваат наша втора природа.
Така и ние, да не се поведуваме по лажното смирение, дека сме недостојни, па затоа не одиме во Црква, туку да се поучиме од благочестивата традиција на нашите баби и дедовци кои не знаеле многу, но тоа што го знаеле го практикувале и нам ни го пренеле, и да ги воспитуваме и благословуваме нашите деца во духот на христијанската Црква и благочестива традиција. Господ да ве благослови!

 

[nggallery id=62]