СЕ СОБИРААТ СВЕДОШТВА ВО ВРСКА СО КАНОНИЗАЦИЈАТА НА АРХИЕП. СЕРАФИМ (СОБОЛЕВ)
Подворјето на Московскиот и на цела Русија патријарх во Софија го продолжува соби-рањето на сведоштвата за благодатната помош на архиепископoт Серафим (Соболев) за претставување во комисијата по канонизација на Руската православна црква.
Верниците се повикани да соопштат за чудата што станале по молитвите на владиката Серафим на следната адреса: „ ул. Joaн Екзарх број 11” eт. 1, ап. 4, ж.к „ Лозенец“, 1421 Софиja, за д-р Десислава Панајотова/Љубен Кисјов. Телефон за контакт: 0878 445 457 (Д. Панајотова) или 0889 506 431 (Љ. Кисјов); имеил: desidp@gmail.com или luben.kissiov@gmail.com.
Многу значаен елемент во изготвувањето на сведоштвата за чудесната помош на владиката Серафим Соболев, поврзани со исцеленија од различни заболувања, е следниот – сведоштвата да бидат придружени со медицински документи ( дијагнози, епикризи, медицински ре-зултати), при постоење на такви.
Овие сведоштва, како и сведоштвата за друг вид благодатна помош од владиката Серафим, треба да бидат потпишани со личен потпис и изготвени според можностите на сведоците: на хартија, испратени како препорачани писма со потврда или како препорачани писма по курир, со придружни прилози: преснимани медицински документи и други докази; на хартија за пренос на рака по договор преку телефон со Д. Панајотова или со Љ. Кисјов; во електронска верзија, но повторно потпишани со личен потпис, скенирани и прикачени заедно со прилозите по имеил.
Последниот рок за испраќање на сведоштвата е 25 ноември 2014 година.
Со благослов на поглаварот на Руското подворје кај нас, Неговото Високопреподобие архим. Филип Василцев, сведоштвата ќе бидат собрани од посочените лица во специјален архив, кој ќе биде предаден во Секретаријатот на подворието за понатамошно придвижување до комисијата по канонизација на Руската православна црква.
„ Канонизациjaта на почитуваниот, во Бугарија, подвижник на верата и благочестието е наше општоцрковно право“, се вели во соопштението објавено на официјалниот сајт на Бугарската православна црква.
изворник: www.bg-patriarshia.bg
Превел: Мики Делев