Откако го видовме Христовото воскресение, да My се поклониме на светиот Господ Исус, Единствениот безгрешен. На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и Твоето свето воскресение го воспеваме и славиме. Зашто Ти си наш Бог, и освен Тебе, друг не познаваме, и со Твоето име се именуваме. Дојдете сите верни, да се поклониме на светото Христово воскресение, зашто, ете – преку крстот дојде радост за целиот свет. Секогаш, благословувајќи Го Господа, да го воспеваме Неговото воскресение, зашто Он, откако претри распнување, смртта ја разруши со смрт.