Утрената на Велики Петок обично се служи во четвртокот вечерта. Главната особеноет на таа служба се т.н. Дванаесет Евангелија т.е. дванаесет евангелски одломки, кои говорат за Христовите страдања, а тиe се поместени меѓу различни делови на службата.
Првото и најдолго од тие Евангелија е Евангелието од Јован, во коe Господ се открива Себе Си како „пат, вистина и живот”, како скап дар на Божјата љубов, соединувајќи ги луѓето со Heгo и еден со друг. „Никој нема поголема љубов од таа да ја положи душата своја за пријателите”. И во целиот разговор на Христа со апостолите проткаена е како црвена нишка радоста од спасението и искупувањето од мракот и скрбта на светот: „Во светот ќе имате жалости, но не плашете се. Зашто Јас го победив светот”. Тоа евангелско читање завршува со таканаречената „Првосвештеничка молитва”, која ни ја покажува целата смисла за доаѓањето на Спасителот:
… He се молам само за нив. но и за онис, кои no нивното слово ќе поверуваат во Мене, сите да бидат едно: како што си Ти Отче во Мене и Јас во Тебе, така и тие да бидат во Нас едно.
Читањата на Господовите Страсти – Страдања завршуваат со одломка за запечатување на гробот од Евангелието на Матеј.
На Велики Петок, кога Спасителот умира на Крстот, не се служи Божествена Литургија, но на службата на часовите, во Петокот утрото, одново се читаат Евангелијата за Неговите Страдања.
***
Вечерната на Велики Петок („Изнесување на Плаштаницата”) посветена е на погребението на Спасителот и обично се служи кон средината на денот, но ио својата смисла таа се однсеува кон Велика Сабота и постанува како нејзина прва служба.
Пред нејзиното започнување во средината на Црквата се поставува возвишение – „гроб”, украсен со цвеќиња, а на Прсетолот се поставува Плаштаницата – големо платно, на кое е нацртан или бродиран образот – ликот на положениот во Гроб Спасител.
Песните на Вечерната, посветени се на страдањата и смртта на Христа. По входот со Евангелието и пеењето на „Свете тихиј” се читаат одломки од Книгите на Излез, Јов и 52-рата глава од Книгата на пророк Исаиј. Аиостолот се чита од Првото Послание до Коринтјаните и Евангелието одново е составено од четири раскази за смртта и погребението на Христа. Стиховите на ирокимените и „Алилуите” се позајмени од пророчките исалми, веќе порано спомнати:
Ги разделија меѓу себе алиштата Мои и за облеката Моја фрлија жреб.
(Псалм 21:19)
Божe моj, Боже мој, почуј ме; зошто ме остави?
(Псалм 21:1)
Me положија во подземен ров, во мрак и во смртна сенка.
(Псалм 87:6)
По дополнителнитe песни, исто така за Христовата смрт, за време на пеењето на молитвата на Св. Симеон Богопримец, свештеникот веќе во полно одејание (со најтемно) ја кади Плаштаницата, која сеуште се наоѓа на Прсетолот. Потоа, по „Отче наш” за време на пеењето на тропарот, тој ја става Плаштаницата на својата глава, го обиколува Престолот, оди на средината на црквата и ја полага во гробот.
Благообразниот Јосиф го симна од Крстот Твоето пречисто Тело, со чиста Плаштаница и мириси Го обви, во нов гроб го положи и покри.
(Тропар на Велика Сабота)
Во некои цркви по Вечерната се пее Повечерие, или таканаречениот „Плач на Пресвета Богородица”.