ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

Сеноќното бдeние во навечерието на Велики Четврток е посветено исклучиво на Тајната вечера, на која Христос заповеда Пасхата на Новиот Завет да се јаде во Негов спомен, на Неговото прекршено Тело и на Неговата Крв, пролиена за простување на гревовите. Освен тоа, во литургискиот центар на тој ден се наоѓа и предавството на Јуда, и тоа, како Христос им ги мие нозете на Неговите ученици. Понекогаш, во соборните цркви, по Литургијата епископите извршуваат посебен обред – миење нозете на свештениците.

На сеноќното бдение се чита Евангелие од Лука, кое говори за Тајната Вечера, а и сите песни говорат само за неа.

Кога славните ученици при миењето на вечерата се просветуваа, тогаш злочестивиот Јуда, обземен oд среброљубие се помрачуваше, и Тебе, праведниот Судија Те предаде на беззаконите судии. Погледни го (ти), љубителу на богатствата, оној (Јуда), кој поради нив се обеси. Бегај од ненаситната душа, која се осмели да My го направи тоа на Учителот. Господи, Кој си благ кон сите, слава Ти!

(Тропар на Велики четврток)

Дојдете верни на горното место, за да се насладиме со високите умови на гостоиримството на Владиката, на Неговата безсмртна трпеза.

(Ирмос на 9-та песна од канонот на Утрената)

Литургијата на Св. Василиј Велики се извршува заедно со Вечерната. Се читаат одломки од Книгите: Излез, Јов, Исаиј и Првото Послание на Св. ап. Павле до Коринтјаните (гл.11). Евангелското читање е особено составено од опишувања на Тајната Вечера, од сите четворица Евангелисти. „Херувимската песна” и причесните стихови се заменуваат со следнава молитва:

Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата Тајна Вечера, зашто Твојата Тајна нема да ја дадам на Твоите непријатели, ниту ќе Ти дадам бакнеж како Јуда, туку како разбојникот Те молам: Спомни ме, Господи, во Царството Свое.

Може да се рече дека во најдлабока смисла „Прекршеното Тело и пролеаната Крв”, за кои што им говорел Христос на Своите ученици на Тајната Вечера, едноставно не биле предвкусување и предчувствување на Неговиот Крст, гроб, тридневно Воскресение и Вознесение на небесата. Напротив, сето тоа станало, за да го добијат луѓето Божјиот благослов на вечното Свето Причестување. Затоа на Вечерата Он се обрнува не само кон останатите, туку и кон сите луѓе – верници:

He бој се мало стадо! Зашто Вашиот Отец благоволи да ви го даде Царството.

(Лк.12:32)

Но вие сте, кои издржавте со Мене во Моите напасти, и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство, за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое…

(Лк 22:28-30)

На тој начин „Тајната Вечера на Божјиот Син” непрекинато извршувана на Божествената Литургија на Црквата се покажува самата суштина на тоа, кое ќе биде вечен живот во Царството Божјо.

Блажен е оној, кој ќе јаде леб во Царството Божјо!

(Лк.14:15)

Блажени се поканетите на свадбена вечера при Агнецот.

(Откр.19:9)