ВЕЛИКА САБОТА

Утрената на Велика Сабота обично се служи во петокот вечерта. Таа започнува со пеење на „Бог Господ”, тропарот „Благообразниот Јосиф…” и следниве тропари:

Кога при смртта слегна. Животе бесмртен, тогаш го умртви адот со болскотот на Твоето Божсетво; кога и мртвите ги воскресна од прсисподната, сите небесни сили повикаа: Животодателе Христе, Боже наш, слава Ти.

Ангелот што стоеше кај гробот, на жените мироносици им велеше: миро им прилега на мртвите, а Христос се покажа туѓ за гниењето.

Потоа се пее 118-ти псалм со припеви или стихови на новозаветните песни, наречени „непорочни”. Ние веќе спомнавме дека тој псалм е словесна икона на Исуса Христа како Праведник, чиј живот се наоѓа во Божјите раце и Кој затоа не може да остане мртов. А „непорочните” Го прославуваат Христа Бога, како „Воскрсесние и живот” и се восхитуваат на Неговото смирено слегување кон смртта. Bo Heгo се сливаат во едно совршената љубов на човекот кон Бога и совршената љубов на Бога кон човекот. Имено, таа божествено – човечка љубов ние мисловно ја набљудуваме и славиме при гробот на Спасителот… Постепено „непорочните” стануваат се покуси, се повеќе сосредоточувајќи се врз крајната победа на Господа и така достигнуваат кои наполното завршување:

Господи, жеднеам за Твосто спасение и Твојот закон е моја утсха.

Се ужасуваат умовите за чудното и ужасно Твое погрсбсние, Создателе на сите.

Ќе живее душата моја и ќе Те слави: и Твоите судови нека ми помогнат.

Мироносиците, кои дојдоа многу рано, го помажаа, обилпо, со миро Твојот гроб.

Се заблудив како загубена овца: побарај го Твојот слуга, зашто не ги заборавив Твоите заповеди.

На Црквата мир. на Твоите луѓе дарувај им спасение со Твоето воскрсесние.

(Псалм 118:174-176 и соодветните на тие стихови.. непорочни”)

По прославата на Св. Троица храмот се осветлува и се разгласува веста за жените мироносици, кои дошле при гробот. За тоа време свештеникот кади. Така за прв пат јасно се разгласува благата вест на нашето спасение во Христовото Воскресение.

Песните на утрешниот канон продолжуваат да Го слават, Оној Кој со Својата смрт ја победил смртта. Тука, исто така за прв пат Се говори дека таа сабота е навистина „најблагословсниот седми ден”, кој некогаш воопшто постоел. Тоа е денот, кога Божјото Слово, „преку Кого се постана”, лежи во гробот како мртов Човек, но во истото врсмс го снасува свстот и ги отвора гробниците.

Оваа сабота е благословена, во неа Христос заспивајќи ќе воскрсене тридневен.

(Последниот ред од кондакот и икосот)

И одново канонот завршува со крајната победа на Христа:

Не плачи за Мене, Мајко, гледајќи Го во гроб Твојот Син. Кого си Го зачнала во Твојата утроба: ќе воскрсенам и ќе се прославам, и ќе Ги вознсеам со бсекрајна слава, како Бог, оние кои со вера и љубов Те величаат.

За врсме на песњето на стихирите што слсдуваат свештеникот се облекува во темни одејанија и на почетокот на големото славословие уште еднаш го кади гробот на Спасителот. Потоа повторувајќи ја „Трисветата псена” тој ги носи Евангелисто и Плаштаницата, а народот со запалени свсќи го следи. Торжествената процесија – литијата бавно го обиколува храмот, како сведоштво дека целата вселсна е очистсна, избавена и востановена со слегувањето на „животот на светот” во смртта.

Откако народот повторно ќе влезе во храмот, хорот уште еднаш ги пее тропарите и се чита пророштвото на Езскил за „сувите коски”.

И ќе разберете, дека Јас сум Господ, кога ќе ги отворам вашите гробови и ве извадам, народе Мој, од вашите гробови. И ќе го вложам во вас Мојот дух и ќе оживеете…

Победните редови на псалмите, кои Го повикуваат Бога да стане, да Ги разсее Своите Непријатели и да Ги зарадува праведниците, a исто така и многукратното псење „Алилуја” ги придружува Посланисто на Св. ап. Павле до Коринтјаните: „Христос, Пасхата наша, беше заклан за нас“. Евангелието за запечатувањето на гробот се чита уште еднаш и по ектенијата и благословот, Утрената завршува.

Службите на Велика Сабота се врвот на православната литургиска традиција. Тие не се драматично разигрување на историските настани на смртта и погребението Христови и не се ритуално изобразување на евангелските сцени; овие богослуженија се најдлабоко духовно и литургиско проникнување во вечната смисла на спаситслнитс Христови делувања.

Црквата не се прави дека незнае за понатамошните настани. Таа не жали и не плаче за Господа, знаејќи дека и самата е родена од Неговото прободено ребро и од длабочината на Неговиот гроб, а мисловно ја набљудува и ја разгласува победата на воскресението Христово за време на сите тие служби. И само во светлината на победата на Воскресението може вистински да се разбере, оцени и слави најдлабокото божествено и вечно значење на страдањата и смртта Христови.

***

Вечерната на Велика Сабота се служи засдно со Литургијата на Св. Василиј Велики. Таа служба веќе и припаѓа на Пасхалната недела. Таа започнува на вообичаениот начин – со вечерен псалм, ектенија, црковни песни, по 140-от псалм вход со пеење на вечерната песна „Свете тихиј”. Свсштеникот служи, не пред престолот во олтарот, туку стои пред Плаштаницата во средината на храмот.

По вечерниот Вход, кој се прави со Евангслието, се читаат петнаесет одломки од Стариот Завет. Во сите нив се говори за делото на создавањето и спасението на светот од Бога, кое што било завршено со доаѓањето на ветениот Месија. Освен читањсто за создавањсто на светот од Книгата Битие и за излегувањето на евреите од Египет од Книгата Излез, се читаат одломки од пророштвата на Исаиј, Езекил, Еремиј, Данил, Софониј, Јона, а исто така и од Книгитс на Исус Навин и Царствата, наизмснично двапати со песните на Мојсеј и Тритс Вавилонски момчиња.

Место „Свети Боже” се пее крштелниот стих од посланието на Св. ап. Павле до Галатјаните: „Сите, кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте. Алилуја!”.

Апостолот на Велика Сабота обично е читање за Свето Крштение (Рим 6:3-11).

Зашто ако сме сраснати со подобието на Неговата смрт, тогаш ќе бидеме соучсеници и на воскресението…

Потоа Царските врати се затвораат и свештеникот со сослужителите ги менуваат своите темни, жални одежди, со бели пасхални; тогаш се заменува и завесата на Царските врати и сите покривки (на престолот, жртвеникот, аналојот итн.). Тие промени и преоблекувања кои го симболизираат Христовиот триумф над гревот, ѓаволот и смртта, се прават за време на пеењето на стиховите од 81-от псалм.

Стани, Боже, суди и на земјата. зашто Твои се по наследство сите народи.

(Псалм 81:8)

По торжественото псење на стихирите, кон кои почесто се додава песна со која се прославува Христос како Нова Пасха, заклана Жива Жртва. Агнец Божји, Кој ги зема гревовите на светот, свештеникот излегува од олтарот, за да ја објави, над гробот Христов, радосната вест за Неговото победно торжсетво над смртта и за неговата заповед кон апостолите:

… научeте ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отца и Сина и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал…

(Мт.28.19-20)

Божсетвената Литургија нродолжува во светлината на победното разрушување на смртта од страна на Христа. Следната песна ја заменува „Херувимската“.

Да молчи секое човечко тело и да стои со страв и трепет и ништо земно да не помислува во себе: зашто Царот на царевите и Господ на господарите доаѓа да биде заклан и да се раздаде за храна на всрниците.

И пред Heго врват антелските ликови со секакво начело и власт, многуочните херувими и шестокрилните серафими, кои си ги кријат лицата и ја пеат песната: Алилуја! Алилуја! Алилуја!

Место Богородичната песна „Достојно е” се пее 9-тата песна од канонот на Утрената „Не плачи за Мене, Мајко…”. За причестен стих на Велика Сабота се зема од 77-от исалм:

Господ се дигна како од сон и воскрсена спасувајќи нé.

Божествената Литургија завршува со причестување и присоединување кон Оној, Кој со човечкото тело лежи мртов и во исто време седи на престолот од дсената страна на Отца, кон Оној, Кој бидувајќи Творец на животот и светот, ја уништува смртта со својата животворна смрт. Неговиот гроб, кој како и порано стои во центарот на храмот, се нарекува во Литургијата ,,извор на нашето воскресение”.

Првобитно Литургијата на Велика Сабота била пасхална, крштелна Литургија, по и сега таа, на секој христијанин, секоја година му дава можност за преживување на своите сопствени смрт и воскресение со Господа.

А ако сме умрсле со Христа, всруваме дска со Него и ќе живееме. Знаејќи дека Христос. откако воскресна од мртвите. нема веќе да умира: смртта нема веќе власт над Heгo.

(Рим 6:8-9)

Христос лежи мртов, но Он е жив. Он веќе ,ја уништи смртта со смрт и на оние во гробовите живот им дарува”. А нам повеќе не ни останува ништо, освен да ја одживееме Благословената сабота до крај, до тој полуноќен час, кога ќе чукне почетокот на Денот на нашиот Господ и ќе дојде таа ноќ. Ноќ полна со светлина, ноќ, во која ние заедно со Ангелот ќе разгласиме:

Он воскресна, Го нема тука.
Еве го местото каде што беше положен.

(Мк. 16:6)