Учебник на животот, МАМА

Учебник на животот

(книга за читање дома и на училиште)

 МАМА

Всушност, тој збор – мама – прв излегува од устата на децата. И тоа е сосема природно, зашто мајката и детето прават еден единствен организам. Од мајчините гради, не од нејзините раце, се храниме во првите месеци од животот и во потполност зависиме од неа. Колку и да сме пораснати, паметни и добри, колку и да сме далеку од родителското огниште, за нас, мама секогаш ќе биде мама, а ние нејзини деца, со слабостите и маните кои никој не ги знае подобро од неа. И никој, навистина никој не ќе умее да сочувствува со нас, а воедно и со благост да не укорува, како што тоа го работи мајката. Кога не укорува заради нешто, таа не сака да не навреди, туку да не поправи. Ете, заради што ние на шлаканиците од мајката, се сеќаваме со благодарност, зашто дури и тогаш кога е лута на нас-таа е лута со љубов.

Со што можеме да и возвратиме, да и отплатиме на мајката за нејзината огромна љубов кон нас, која како пламен гори низ сите години од нејзиниот живот? Таа љубов нас не бранела и не штитела кога сме биле незаштитени и беспомошни; таа љубов не подигала кога сме биле паднати од соблазни зли мисли; таа љубов ни влевала надеж и не уцврстувала кога животот не доведувал во лоша позиција и кога сме мислеле дека нема излез од тие замрсени околности. Со што да и возвратиме на мајката за бесоните ноќи поминати покрај нашиот кревет, кога се борела со разноразните болести и маки кои така често го пратат детскиот развој? Кој од нас може достојно да ја оцени макотрпната а воедно и незабележлива мајчина работа низ домот, работа која се зголемува од година во година? И сето тоа заради наша корист и среќа-само заради тоа, децата да бидат сити, чисти и средени, нивното детство да биде најсреќен период во животот. А многу мајки биле приморани да работат во текот на целата седмица-станувале многу порано од нас, а подоцна заминувале на спиење, а при тоа, с¢ стасувале: и да постават доручек, и да исперат, и да ни подготват чиста облека, за нивната ќерка или син, никој да не ги нарече нечистко или несреденка.

Повторувам, како можеме да и возвратиме на таа бескрајно мила и блиска личност која само Бог би можел да ни ја подари, а која ние ја нарекуваме мама? Толку сакам, мои пријатели, одговорот на ова прашање, со златни букви да биде запишан во нашето срце! Толку сакам тие букви секогаш силно да светат во вашата свест, независно од тоа колку долго ќе одите по патот на земниот живот! На мајката со ништо не можеме достојно да и се оддолжиме освен со благодарноста која никогаш не престанува, туку само расне со благодарност изјавена со зборови, со дела и со молитва. Всушност, за тоа говори и Господ во Својата Библиска заповед:”Почитувај го таткото свој и мајката своја, да ти биде добро и да поживееш на земјата”.

Мене ми изгледа дека поимите “мајка”, “мајчинство” се свети. И нека мајката себеси се смета за несовршена и грешна во очите на своите деца таа секогаш мора да остане убава, па дури можеби и света. Во секој случај, недопушено е мајката да се укорува и да и се упатуваат забелешки кои доликуваат само ако се изречени од устите на возрасни (во однос на генерацијата која расте). Несакам да сокривам, некои современи момчиња и девојки, духовно слепи и горделиви, ги прекоруваат своите родители заради своите сопствени недостатоци, кои им ги препишуваат на нивните пропусти при воспитувањето. Нема поголема неблагодарност од оваа која заслужува име – црна!

За жал, нашите деца, денес се толку занесени со разни игри и компјутери, што им останува малку време за мајката. Колкумина наши читатели можат да кажат какви се мајчините очи? Не, не мислев на бојата – кафеави или сини на тоа, фала му на Бога, се сеќаваме. Мајчините очи…во нив е, сиот наш живот, во нив сме ние, во сегашност, минато и иднина. Понекогаш, во мајчините очи гледаш мир и спокој. Тие наликуваат на езеро кое не го вознемирува ниту струењето на ветрот. Кога гледаш во тие очи, неспокојството и немирот исчезнуваат, срцето се ослободува од стравот и треперењето и ти веруваш дека с¢ ќе биде добро, затоа што покрај тебе е -мама. А понекогаш, тие очи се мрачни, како што се замрачува небото пред бура и тие се претвораат во страшни очи од кои во тебе гледа правдата-тогаш се чувствуваш малечок и грешен и се срамиш заради својота погана и лоша постапка. Во тие моменти, посакуваш да го тргнеш погледот од лицето на мајката, затоа што понекогаш, заедно со неа, нас не наблјудува и Самиот Бог, а од Господа, не може да се сокрие ниту еден таен збор, ниту една мисла која се сокрива во длабочината на нашите срца.

А, што знаеме пак ние за мајчините раце-прегрижливи, кои не знаат ниту за умор, ниту за одмор, кои постојано нешто работат, готват, перат, крпат? Ние знаеме дека рацете на мајката се чудотворни. Ете зошто-кога нешто не здоболува, или кога ќе ја изгребеме раката, кога ќе се удриме-веднаш итаме кај неа, разгласувајќи ја низ куќата целта на нашето панично и нагло доаѓање со громогласниот пискот “мама, мама!” И, гледај чудо! Само што ќе не прегрне, само што го помилувала болното место-болката веќе се намалила или сосема исчезнала.

За жалење е, што денешните деца се одвикнале да и се обраќаат на мајката со милни имиња. Не сакаат да ја прегрнат, не сакаат да ја бакнат, не сакаат да и кажат со љубов:”мајчице моја, убава и мила…”, туку само и приоѓаат и отсечно дофрлуваат:”Стара, што има за јадење?”-приморувајќи ја да го дешифрира тоа необично прашање. Знаете, пријатели мои, Бог го украсил овој свет, за да ние, гледајќи ја неговата убавина, црпиме начини за топло ословување на мајката. Зошто да не и се обратиме со “сонце” или “yвезичке”? Обидете се да речете, а зборовите сами ќе дојдат и ќе и се залепат за срцето на мајката.

Ако сакате, ќе ви откријам уште една тајна: мајката многу сака цвеќе. Ако не сте во состојба да и купите раскошен букет од рози, донесете и убав и скромен букет од полски цвеќиња, од детелина и камилица. Мајката, како одговор на вашиот дар, така ќе ви се насмевне, при што нејзината топла насмевка засекогаш ќе се врежи во вашето сеќавање и неволјите и незгодите (а нив секогаш ќе ги има низ животот), нема да можат да го избришат. Во моментите на потиштеност и тага, кога пред вас нема да се најде никој кој би ве поддржал и охрабрил, а оние кои ви се нарекуваат пријатели тогаш ќе ви завртат грб, па ќе останете сосема сам во ладниот и суров свет, во тој час, Господ во вашето сеќавање ќе ја воскресне благодарната мајчина насмевка и тешкото бреме одненадеж ќе падне од вашите плеќи и срцето ќе ви заигра од убавина…

Како што со годините мајката ќе биде с¢ понемоќна, така поголемо внимание и грижа мораме да и даваме неа. Таа заради тоа и не галела и не пазела-за да еден ден, нејзината немоќ ја замени нашата сила, нејзината болест-нашето здравје, нејзината немаштија-нашето изобилство. Активната љубов кон мајката, никогаш и никој не понижила, па дури ниту најголемите луѓе, напротив, ги направила уште по племенити и достојни за почит.

Да се занемарат родителите, да се остават без грижа – исто е како да се пречкрта сето добро што некогаш сме го направиле а притоа одрекувајќи се од Бога, а полошо од тоа, нема ништо. “Нека секогаш има сонце, нека секогаш има мама, нека секогаш бидам јас”-ова е извадок од песна, а зборовите на оваа песна не се лага: мајката, секогаш ќе ни биде мајка, но нема секогаш да биде покрај нас. Ете, зошто е неопходно сега, од денес, да научиме да ја сакаме мајката, така што таа љубов ќе го исполни нејзиното и нашето срце и со таа љубов да се поврземе, а тие врски да бидат посилни и од самата смрт.

Не треба да се мисли дека љубовта бара исполнување на безусловно големи дела. Не, “од поточиња почнува реката”. И огромната зграда се ѕида со мали тули. На секого од нас му доликува да биде градител на љубовта која од нас очекува напор и тоа, непрекинат напор. Основата на синовската љубов е постојано сеќавање на родителите. Носејќи го во срцето мајчиното име, не можеме а да не се молиме за неа. Молитва за оние кои не родиле, постојана, длабока и искрена уште една доблест треба да фрлиме пред измачените мајчини стапала. Човек кој постојано се моли за ближниот, за него секогаш бара убав збор. И ако до крајот на мачиниот живот останеме пријатели со неа, ако нашето срце е отворено за нејзиниот грижлив и топол поглед, ако тежнееме со неа да поделиме с¢ што ни ја исполнува душата, а родителскиот совет, внимателен и мудар, за нас е поттик за делување, тогаш и ние-децата и мајката ќе бидеме удостоени со венецот на љубовта. Тој венец е составен од скапоцени камења: рубини на сочувства, сафири од чистота и нежност, бисери од домашна и тивка молитва.

Сигурен сум дека меѓу читателите, и помлади и постари, нема ниту еден кој не ја видел иконата на Мајката Божја со Богомладенецот Исус Христос на раце. Малиот Спасител нежно ја приклонува главата до лицето (како би рекле старите-до образот) на Пречистата Дева која со своите раце Го прегрнува Својот Син, од иконата го гледа светот, патејќи и молејќи се за секого од нас. Таа икона се нарекува “Умилителна” и поубава од неа, на светот нема. Старата икона со голема и победоносна сила, сведочи дека секоја благочестива мајка христијанка, ќе го прегрне своето дете во Царството Небесно, кога ќе бидат воскреснати телата на Страшниот Христов Суд. И таму, во Небесниот Ерусалим, со сонце кое не заоѓа, ќе свети Сонцето на правдата-Воскреснатиот Исус Христос, и таму, секогаш ќе биде мајката, и таму, секогаш ќе бидеме ние-ако кај Бога ќе го заслужиме, вечното блаженство според делата и љубовта наши на оваа грешна земја.

 

Протоереј Артемиј Владимиров

(книга за читање дома и на училиште)