Слегување на Светиот Дух (Педесетница)

Празникот на Педесетница се одбележува педесет дена по Пасха. Ние веќе рековме, дека во Стариот Завет Пасхата била спомен за излегувањето на евреите од Египетското ропство, а Педесетница била спомен за дарувањето на Мојсеја од Бога на Законот од Десет заповеди на Синајската планина; и како што во Новиот Завет Пасхата стана празник на Христовата смрт и воскресение, „излез” на луѓето од грешниот свет во ЦарствотоБожјо, така и празникот на Педесетница е дарување на „Новиот Закон”, слегување на Светиот Дух врз Христовите ученици.

Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнеш, и зас-танаа по еден над секого од нив. И сите се исполнија соДух Свети…

(Дела 2:1-4)

Апостолите добиваат сила „одгоре” и започнуваат да проповедаат и свидетелствуваат за Исуса како воскреснат Христос, Цар и Господ. Обично тој момент се нарекува раѓање на Црквата.

Во богослужбата на празникот слегувањето на Светиот Дух се одбележува заедно со јавува-њето на Светата Троица на луѓето, затоа што во доаѓањето на Светиот Дух при луѓето се пројавува полнотата на Божеството, Неговото самооткривање и самооддавање на Своето творение. Во православното Предание Педесетница често се нарекува Троица и дури во центарот на храмот во текот на тој ден се изнесува иконата на Света Троица во вид на трите ангели кои што му се јавиле на праотецот Авраам. Каноничката икона за слегувањето на Светиот Дух изобразува огнени јазици на дванаесетте апостоли, кои се седнати во единство опкружувајќи го симболичкиот лик на светот – „космосот”. Тоа е и првиот лик на „апостолската” Црква.

Во денот на Педесетница завршува спасителното дело, затоа педесеттиот ден постанува начело на новата ера, која излегува зад пределите на нашиот свет. И самиот тој број, како во јудејската, така и во христијанската традиција, ја означува вечната и небесна полнота: седум помножено no седум плус еден.

Педесетница уште се нарекува „апокалиптичен ден” (т.е. „ден на последното откровение”) или „есхатолошки ден” (т.е. „ден на полниот крај”), зашто кога доаѓа Месијата и се приближува Господовиот ден настапуваат „последните денови” во кои „вели Бог, ќе излеам од Мојот Дух врз секоја плот” (Дела 2:17; Јн.2:28-32). Тоа древно пророштво се споменува од апостол Петар во неговата прва проповед во денот на Педесетница.

Божествената Литургија во тој ден ни напомнува за нашето крштевање и одново наместо „Свети Боже” се пее крштелната песна од Посланието до Галатјаните. Обичните антифони исто така се земаат со, соодветни на празникот, стихови од псалмите. Во апостолското и евангелското читање се говори за слегувањето на Светиот Дух врз луѓето. Во кондакот се пее за Божјото дејствие, спротивно на Вавилонското разделување на јазиците: на Педесетница Бог ги обединува народите во единство на Духот. Тропарот го разгласува уловувањето на целата вселена во Божјата мрежа со трудот и подвигот на вдахновените апостоли. За прв пат по Пасха се пеат молитвите „Царе небесни” и „Видовме Вистинска Светлина”, повикувајќи го Светиот Дух „да дојде и да се всели во нас” и разгласувајќи дека ние „примивме Небесен Дух”. Храмовите се украсуваат со цвеќиња и летни зеленила во знак на тоа дека Божјиот Дух доаѓа како „Давател на животот”, за да ја обнови целата твар.

Благословен си, Христе Боже наш, Ти, Кој што ги направипремудририболовците, испраќајќи им го СветиотДух, ипрекунив ја уловивселената. Човекољупче, слава Ти.

(Тропар)

Севишниот кога слезе ги помеша јазиците и ги раздели народите, а кога ги раздаваше огнените јазици тогаш сите ги повика кон единство, и ние едногласно Го славиме Сесветиот Дух.

(Кондак)

На Великата Вечерна се читаат три долги молитви, за време на кои верниците, за првпат по Пасхата, коленичат.

Понеделникот по Педесетницата е празник на Светиот Дух, „Духов ден”, а следната недела празник на Сите светии. Таа литургиска следственост е наполно логична, зашто Светиот Дух се пројавува во луѓето, ги осветува, кое нешто е и главна цел на создавањето и спасувањето на светот: „осветувајте се и бидете свети, зашто Јас (Господ, Бог ваш) сум свет” (Лев. 11:44-45; 11Тгр.1:15-16).