Преполовение на педесетницата

Во средата, на четвртата седмица, торжествено се одбележува денот во кој што се паѓа половината на периодот од Пасха до Педесетница. Во тој ден Христос ги упатува луѓето во, од Heгo донесеното спасение и на сите им предлага да пијат од „изворот на бесмртноста” (Јн.7:14): „Кој е жеден нека дојде при мене да пие” (Јн.7:37). Ние, исто така, си спомнуваме за нашата смрт и воскресение со Христа при нашето крштевање, за примањето на Светиот Дух, од Hero, при нашето миропомазание т.е. како што се вели во една од песните на празникот, ние се огледуваме кон едно, а пред-вкусуваме друго. Ние го предвкусуваме тоа Царство на воскреснатиот Христа, каде што:

И Духот и невестата велат: Дојди ! И кој чуе нека каже: Дојди! И кој е жеден нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.

(Откровение 22:17)

Бидејќи се преполови празникот, напој ја Спасително мојата жедна душа со водите на благочестивоста, затоа што Ти си кажал: „Кој е жеден, да дојде при мене и да пие”. Извор е на животот, Христе Боже, слава Ти!

Кога старозаветниот празник Педесетница се преполови, Ти Христе Боже, Создателе и Владико на се, им рече на тие коишто беа околу Тебе: Дојдете и нацрпете вода на бесмртност. Затоа паѓаме пред Тебе и со вера Ти извикуваме: Дај ни ги Твоите добрини, зашто Ти си изворот на нашиот живот.

(Кондак)