Четвртата недела е посветена на исцелувањето на разслабениот од Христа (Јн.5), кој многу години напразно чекал некој да му помогне (на болниот) да влезе во изворот на исцелувањето. Како и тој, исто така и ние се лекуваме и преку Крштението во Црквата добиваме од Христа спасение во вечниот живот. И кон нас, како и кон разслабениот се упатени Неговите (Христовите) зборови: „Немој повеќе да грешиш, за да не те снајде нешто полошо” (Јн.5:14).