27-28 Јули, во Киев се одржаа торжествата по повод празнувањето на годишнината од Покрстувањето на Русија и 1000 години од упокојувањето на рамноапостолниот кнез Владимир. Најважен настан во прославата, станала многуилјадната крсна литија. За тоа, кое е значењето на тој крсен вход, како и со што можеме да Му заблагодариме на Бога, како треба да се однесуваме кон маките кои ги трпиме, зборува митрополитот Тернополски и Кременецки Сергиј (Генсицкиј).
– Владико, во Киев се одржа литија. Православните можеа да се сретнат и да се поддржат еден со друг. Какви се вашите впечатоци од тие два дена?
– Постои милост Божја, за која ние сеуште не сме многу свесни. Или поточно, која не можеме ни да ја осознаеме. Но, нешто посебно ни јавија Господ и Мајката Божја во овие дни. Крсниот вход, почитуваните икони на Мајката Божја… Православниот народ успеа да се собере заедно и да ја почувствува радоста од молитвеното општење.
Луѓето, пред да дојдат на прославите, трпеа некои лишувања – далечен пат, потоа – самиот крсен вход, дожд!.. Но дождот – тоа е Божја благодат! Тој е потребен, за да ги напои нашите исушени срца. И тоа, што луѓето стоеја под дождот, – е најголем подвиг!
Тој празник ги зацврсти луѓето во убедувањето, дека Господ е со нас, дека Мајката Божја е со нас. И со тоа единство, кое се случи, преку молитвеното единство Господ ни покажува, што треба да правиме. Секогаш, за време на искушенија и маки, луѓето правеле крсни входови. Крсниот вход – е торжество на Православието! Тоа е посебно смилостивување на Бога. Господ покажува, дека е спремен сè да ни даде, ако ние се трудиме да живееме богоугоден живот, ако се укрепуваме во секој вид на благочестие.
Господ покажа: еве вистински празник, еве торжество, еве единство! И навистина – чувството беше радосно, чувството на единство, Пасхална радост, чувство дека со нас се небесните сили. Не само што луѓето се обединија, се чувствуваше посебна благодат, посебна милост. Помогни ни Господи, во тоа да се зацврстиме. Силата наша – е во надежта на помошта Божја, на Мајката Божја.
За тоа треба да благодариме, треба да се радуваме на тоа, што Господ може сè. Дај Боже, да не Го забораваме својот Творец и Спасител, да помниме, дека нашиот главен проблем – е нашиот грев, нашето непокајание. Помогни ни Господи на сите, да се покаеме, помогни ни секој од нас да ги спознае своите гревови – имено своите, а не туѓите. Не да го осудиме некого, не да го обвиниме некого, туку да се видиме себеси – грешните. Тој момент е почеток на спасението на човекот, почеток на спасението на општеството. Ако ние почнеме да се каеме лично, одделно, во светот ќе се зголеми благодатта Божја. Во тоа – е почетокот на нашето спасение.
– Како секој од нас може да Му заблагодари на Бога? Едно детско прашање…
– Тоа е многу суштинско прашање. Еднаш, ми ја раскажаа следната своеобразна приказна. Седат два ангели на небото. Едниот цело време лета – де на земјата, де на небото – ваму-таму, ваму-таму… А другиот седи на облак, и ретко некаде да летне. Го прашуваат првиот: „Зошто толку често разлетуваш? Што се случува?“ Тој одговорил: „Не стигнувам да ги пренесам молбите до Бога“. „А ти?“ – го прашуваат другиот, кој седи на едно место. „А јас чекам благодарности – ретко кој Му благодари на Бога“.
Треба, колку што е можно почесто да му благодариме на Бога. И со зборови, и со дела.
А најдобрата благодарност кон Бога – е примањето на благодатта Божја, нашиот изменет живот, совршено поинаков живот, различен од светскиот, духовен живот. Треба да Му благодариме на Бога за тоа, што имаме таква можност, за тоа што знаеме како да се исправиме.
Треба да му благодариме на Господ за сè, посебно – за маките, за искушенијата, во тоа и се состои покорноста кон Бога, и милоста Божја. Благодарниот, Господ секогаш го милува и му благотвори.
– А како да се научиме, да се радуваме на маките?
– А од каде знаеме, зошто ни се испратени? Можеби, тоа е казна за минатото, а можеби – предодвраќање од иднината. Но, во секој случај, треба да сме свесни, дека тоа е за наша полза. Ако се противиме – тоа е веќе непослушание. Ако врне дожд – слава Богу! Сонце – слава Богу! Во тоа има нешто, кое не ни е дадено да го знаеме. Зашто не знаеме што е најдобро за нас. Зашто, колкупати во нашиот живот сме барале нешто, не сме добиле според нашите молби – и сме роптале. Поминало време, и сме сфатиле: колку е сепак добро, што не го добивме она што го баравме.
Благодарноста кон Бога – е доверба кон Бога, тоа е најлесниот послушен пат.
Ако ни се дадени искушенија – значи, ние сме достојни за тоа. Ако Господ малку нè „затресе“, значи далеку сме отишле, сме се отклониле од Бога. Треба да Му благодариме, што имаме време – златно време за покајание, за уцврстување во благочестието, верата, за укрепување во вистината на Православието.
Да се учиме да се каеме, да се учиме да се победуваме себеси, и не само да го избегнуваме гревот, туку да се учиме да правиме добри дела. Да почнуваме од малите работи и да се трудиме, сè да биде со милоста Божја. За да живееме по Божјата волја, а не по нашето човечко грешно расудување. За да можеме да ги гледаме сопствените недостатоци. За да можеме да ја чувствуваме со душата опасноста од нашите постапки. Треба да брзаме да се зацврстиме во добродетелите, благочестивоста, да се промени нашиот живот – тогаш ќе бидеме успешни. Во трудот, во општеството – благодатта Божја ќе биде заедно со нас. Ако почнеме да се оддалечуваме од таа благодат, нашите дела и и достигнувања нема да принесат добро, а ќе принесат само разрушување. Треба да се стремиме кон Бога! Треба да побрзаме, додека го имаме скапоценото, спасително време! Најтешко е – да му се довериме на Бога! И тука, нашиот ум треба да се прислуша кон нашата душа: ересите и расколите – не се од умот и не се од срцето. А ние треба да се смириме и да се надеваме на помошта Божја…
Со митрополитот Сергиј, разговараше Наталија Горошкова
Извор: Православие.ру